АХВ: Засилени инспекциски контроли на храната, акцент на новогодишните пакетчиња

Кај некои оператори биле утврдени неправилности околу означувањето на задолжителните информации, при што недостасувале декларации на македонски јазик

-

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека нејзините инспекциски служби спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници.

Се проверува дали и колку се исполнети општите и потребните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама.

Во овој период, велат од АХВ, акцент со контролите е ставен на новогодишните пакетчиња за деца, при што се контролира рокот на употреба на производите кои ги содржат, како и означувањето.

Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности од аспект на безбедноста кај новогодишните пакетчиња, но кај некои оператори исклучок е означувањето на задолжителните информации, каде недостасувале декларации на македонски јазик.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до граѓаните да бидат одговорни купувачи и храна да купуваат од регистрирани/одобрени објекти кои се под контрола на инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство“, велат од АХВ, повикувајќи ги граѓаните секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, да ја пријават во Агенцијата лично, телефонски на бесплатниот број 0 800 3 22 22 или електронски на [email protected].

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата, министерката за...

Пукање во Сплит, убиен разбојник кој се обидел да ограби банка

Обид за грабеж во банка се случил денес околу 12 часот на улицата „Гундулиќева“ во хрватскиот град Сплит, јави Слободна Далмација, а пренесоа повеќе регионални медиуми. Според првичните информации, две полицајки минувале...

Водите на Крива Река полни со олово и цијанид, градоначалникот Митовски бара кривична одговорност

Водата во Крива Река има десет пати поголема концентрација на олово и стотици пати повеќе цијанид, азот и фосфор, информираше денеска градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски. Тој најави дека ќе...

Српските студенти на медицина бараат одговорност и оставки поради посетата на Вучиќ на пациенти од Кочани

Студентите на Медицинскиот факултет во белград, побараа да се покрене постапка против одговорните во Ургентниот центар, откако на 17 март без заштитна опрема, во едницата за интензивна нега биле примени претседателот...

Промовирана нова генерација дипломци и магистри на ФИНКИ, Јаневска им порача да работат во Македонија

Денес беше промовирана новата генерација дипломци и постдипломци на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ). На церемонијата,...