Таг: безбедност на храна
таг: безбедност на храна
АХВ: Засилени инспекциски контроли на храната, акцент на новогодишните пакетчиња
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека нејзините инспекциски служби спроведуваат засилени контроли кај операторите со храна пред претстојните новогодишни и божиќни празници.
Се проверува дали и колку се исполнети општите и потребните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама.
Во овој период, велат од АХВ, акцент со контролите е ставен на новогодишните пакетчиња за...
АХВ: Во доматите и во краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните
Во доматите и краставиците нема тешки метали штетни за здравјето на граѓаните, рече на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Николче Бабовски, додавајќи дека не му е јасно со која цел опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ шири паника во јавноста.
„Ширењето лажна паника и тревога е кривично дело, а дали АХВ ќе поднесе пријава ќе знаеме наредните денови“,...
Уништена повеќе од 2,7 тони небезбедна храна, граѓаните реагираат за производи со поминат рок
Од почетокот на годинава, заклучно со мај уништени се повеќе од 2,7 тони небезбедна храна, информираат за Мета.мк од Агенцијата за храна и ветеринарство. Тие велат дека од почетокот на годинава до крајот на минатиот месец, поднесени се 194 претставки од граѓани за небезбедна храна. Од нив, 7 претставки се поднесени поради сомнеж во безбедност на производи, 20 претставки...