Објавени се резултатите од конкурсите за ученички стипендии

Висината на сите стипендии, во секоја категорија, изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се исплаќаат во траење од девет месеци во текот на учебната година

Фото: Vidhyarthi Darpan from Pixabay

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ги објави резултатите од сите конкурси за доделување стипендии за ученици во средните училишта.

Висината на сите стипендии, во секоја категорија, изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се исплаќаат во траење од девет месеци во текот на учебната година.

Сите студенти добитници на стипендии треба да ги симнат соодветните договори за стипендијата што ја добиле и да ги пополнат во три примероци. Потоа, заедно со копија од лична трансакциска сметка, треба да ги достават договорите до МОН, директно преку писарницата во министерството (документите може да ги достави и друго лице во име на добитникот на стипендијата) или по пошта – препорачана пратка со повратница (ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр. 54, 1000 Скопје), најдоцна до 29 декември.

Одбиените кандидати (учениците кои не се наоѓаат на објавените списоци) ќе имаат можност за поднесување жалба откако ќе го добијат решението од МОН во кое ќе биде наведена причината поради која апликацијата не е прифатена.

За какви било дополнителни информации и поддршка, контактите на вработените во Секторот за ученички и студентски стандард, како и на сите останати вработени во МОН, може да се најдат на овој линкпрашања може да се поставуваат и на електронската адреса [email protected]

Бидејќи интернет-страницата на МОН од вчера функционира отежнато, а пристапот до неа е речиси невозможен, новинската агенција Мета.мк ги објавува списоците со добитници на стипендија во сите осум категории, заедно со договорите што треба да ги симнат и потпишат студентите, за секоја категорија соодветно.

Стипендии за социјална поддршка на ученици 

Добитници на стипендија од оваа категорија

Договор што треба да го потпишат студентите за оваа категорија

 

Стипендии за ученици – деца без родители

Добитници на стипендија од оваа категорија

Договор што треба да го потпишат студентите за оваа категорија

 

Стипендии за ученици со посебни потреби

Добитници на стипендија од оваа категорија

Договор што треба да го потпишат студентите за оваа категорија

 

Стипендии за талентирани ученици – природни и технички науки

Добитници на стипендија од оваа категорија

Договор што треба да го потпишат студентите за оваа категорија

 

Стипендии за талентирани ученици – спортисти

Добитници на стипендија од оваа категорија

Договор што треба да го потпишат студентите за оваа категорија

 

Стипендии за талентирани ученици – уметници

Добитници на стипендија од оваа категорија

Договор што треба да го потпишат студентите за оваа категорија

 

Стипендии за ученици кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи

Добитници на стипендија од оваа категорија

Договор што треба да го потпишат студентите за оваа категорија

Стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење

Добитници на стипендија од оваа категорија

Договор што треба да го потпишат студентите за оваа категорија