fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

ЕУ ги вика на итна средба Курти-Вучиќ, НАТО повикува на смирување на тензиите

Европската Унија ги повика косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на итна средба во Брисел, но датумот за средбата засега не е утврден поради тоа што ниту една од двете страни не го потврдила своето учество. Портпаролот на ЕУ, Петар Стано рече дека поканата за разговор е од еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, додавајќи...

Русија ќе почне со поставување на нуклеарните ракети во Белорусија од 7-8 јули

Русија ќе постави тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, откако соодветните капацитети за нивно чување и примена ќе бидат готови - на 7 и 8 јули, најави рускиот претседател Владимир Путин денеска на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Сочи. „За најчуствителните прашања, за коишто се договаравме со Вас, се оди по планот. Како што знаете, на 7-8...

„Русија само се брани“ – главниот дезинфо наратив во мај

Денот на победата над фашизмот 9 Mај беше повод рускиот претседател Владимир Путин да го искаже главниот дезинформациски наратив во мај, покрај серијата други, а тоа е, дека Русија е жртва во војната со Украина, зашто таа само се брани. Додуша, на рака на Путин овој месец му одеа и битките со дронови и двата напада врз Москва, едниот...

Пристигнаа новите американски воени возила JLTV за македонската армија

Македонската армија досега доби 32 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh од американско производство. Министерството за одбрана информира дека пристигнал воениот конвој со новите возила на Армијата. „Лесните оклопни возила JLTV се дел од процесот за модернизација и опремување на Армијата на Република Северна Македонија согласно НАТО стандардите и истите ќе бидат поддршка на Лесната пешадиска баталјонска група во Штип, која...

Не е точно дека владата на Украина се заканува дека ќе почне терористички напади низ Европа

Во исечокот од видеото кој погрешно е интерпретиран во постот, Подољак зборува за хипотетичка ситуација во која ЕУ би престанала да ѝ помага на Украина и објаснува што би се случувало во Европа, доколку престане помошта во оружје. Но, тој не кажува дека Украина би вршела терористички напади во Европа, туку вели дека во Украина би имало геноцид, дека...

На Криволак се одржа „Брз одговор 23“, мултинационална вежба на војски од пет држави

Денеска на Криволак, како дел од еднонеделната мултинационална вежба за обука „Брз одговор 23“, војските на САД, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово ја покажаа интероперабилноста од значење за одржување на подготвеноста на НАТО сојузниците и државите-партнери, информираше амбасадата на САД во Северна Македонија.  На настанот беа присутни собранискиот спикер Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петровска, амбасадорката на САД...

Не е вистина дека македонски војници ќе се борат со руски вооружени сили во Приднестровје

Постот шири дезинформации дека македонски војници ќе бидат испратени да се борат со руските вооружени слики во Приднестровје. За тврдењето дека нашите војници наместо во Романија ќе заминат за Молдавија, која не е членка на НАТО, не е понуден никаков доказ. Од Министерството за одбрана за Вистиномер одговорија дека станува збор за редовна ротација на припадници на Армијата во рамките...

Српската војска останува во состојба на борбена готовност

Во врска со вчерашните случувања на Косово денес во Белград се одржа седница на Советот за национална безбедност. На состанокот беа договорени сите неопходни безбедносни активности со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Република Србија, пренесе Н1. Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека вооружените сили на Република Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност до понатамошно известување. На...

Лажниот наратив на Кремљ „НАТО се бори со Русија до последниот Украинец“ продолжува да гази

НАТО ниту ја почна воената инвазија, ниту, пак, има свои војници во Украина. Русија е таа којашто ја нападна Украина во февруари 2022 година, а Украина како независна држава има право да се брани и да ги користи расположливите средства на помош од своите пријатели. НАТО испраќа воена помош за Украина, без притоа да биде учесник во војната. Постот...

Пендаровски го потврди ставот на поддршка за евроатлантските аспирации на Косово

Претседателот Стево Пендаровски на денешната средба со неговата колешка од Косово, Вјоса Османи, ја потврди својата поддршка кон евроатлантските аспирации на Косово. Тој изрази спремност Северна Македонија да ги сподели своите искуства во врска со реформските процеси, како на патот кон Европската Унија, така и во однос на членството во НАТО. Пендаровски исто така изрази поддршка кон одлуката на Европската Унија...

Постот шири невистини дека Русија уништила тајна НАТО база во Украина

Изнесените тврдења не се поткрепени со никакви докази или изјави од официјални страни, ниту од руските ниту од украинските власти. Нема потврда ниту од НАТО. Единствен извор на кој се повикува текстот е објава од социјалната мрежа Телеграм, која дури и споделува фотографија од наводното уништување на тајната НАТО база во Украина. Но, со пребарување на Гугл може да...

Захарова со наративи полни со дезинформации ја учи Европа за демократија и безбедност

Реакцијата на Борел за апсењето на американскиот новинар во Санкт Петерсбург, како и проширувањето на НАТО со Финска и напорите истото да го стори и Шведска, Москва преку портпаролката Марија Захарова го искористи да упати два дезинфо наративa до Европа со кои ја учи на демократија и ја заплашува дека поради делувањето на САД повторно ќе биде „колатерална жртва“,...

Постот дезинформира дека Столтенберг ќе биде осуден за злодела против човештвото

Наспроти наводите изнесени во описот на видеото споделено во постот, не постојат никакви најави дека Столтенберг ќе биде осуден. Против него нема покренато никакви обвиненија од ниту една држава во светот. Столтенберг, според неговата биографија, има чесна кариера без турбуленции, секогаш бил на високи позиции за кои се бараат лица коишто немаат криминално минато. Во постот не е јасно...

Фотографија со НАТО знаме лажно претставена како да е од собата на Одри Хејл

Споделената фотографија за која се тврди дека е од спалната соба на Одри Хејл, каде се закачени ЛГБТИ знамиња и НАТО знаме  е стара. Фотографијата е објавена на Твитер во 2021 година и не е од собата на 28 – годишната поранешна студентка, за која полицијата соопшти дека на 27 март убила три деца и тројца возрасни во христијанско...

Османи со честитка до финското раководство за членството на земјата во НАТО

Членството на Финска во НАТО е историски момент за Алијансата и е вистински пат за заедничка поголема безбедност и сигурност. Членството на Финска во НАТО е важен чекор што ќе го зајакне единството и одбранбените способности на Алијансата. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи на средбата со финскиот министер за надворешни работи,...

Финска стана 31. членка на НАТО, Русија тврди дека се зголемува ризикот од судири

Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто денеска го потпиша пристапниот документ и му го предаде на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, по што ќе следува кревањето на знамето на Финска пред седиштето на НАТО во Брисел, со што се заокружува процесот на пристапување кој траеше помалку од една година. Со ова, се заокружува процесот за Финска, која стана...

НАТО дава поддршка на земјава за одбрана од хибридните напади и дезинформациите

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред денешниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-членки изјави дека Алијансата на Северна Македонија ѝ дава техничка поддршка во борбата со хибридните напади со кои се соочува. На новинарското прашање на ТВ 21 за неодамнешната посета на тим од експерти на НАТО предводени од заменик-помошникот генерален секретар за новите безбедносни предизвици, Џејмс...

НАТО кон руските граници – спринт со пречки

Три години по долгоочекуваното пристапување на Македонија во НАТО, се планира ново проширување на трансатлантската одбранбена организација. Ова проширување не беше очекувано. Финска и Шведска аплицираа за членство во НАТО истовремено - во мај минатата година. Тоа секако беше последица на новата гео-политичка ситуација, настаната со агресијата на Русија врз Украина. И двете држави претходно имаа привилегирани односи со...

Ново оружје за армијата – транспортери, оклопни возила, хеликоптери

Нови оклопни возила од типот на JLTV Oshkosh, оклопни транспортери Stryker, француски систем за противвоздушна одбрана за мали височини, MISTRAL 3, артилериски системи и осум повеќенаменски хеликоптери ќе бидат само дел од новото вооружување на македонската армија за кое денеска информираше министерката за одбрана, Славјанка Петровска. Зборувајќи за модернизацијата, за која рече дека е од најголем обем во изминатите децении,...

Финска ќе биде 31-та членка на НАТО откако Турција даде одобрување

Турскиот парламент ја одобри апликацијата на Финска за членство во НАТО, со што оваа нордиска земја ќе постане 31-та членка на Северноатлантската алијанса, пренесува Јуроњуз. Сите 276 пратеници присутни во турскиот парламент ја поддржаа едногласно кандидатурата на Финска во НАТО, и тоа само еден ден откако финската кандидатура помина и во парламентот на Унгарија. Со ова, сите досегашни пречки за...

Хеликоптер во кој патувал иранскиот претседател претрпи „тешко слетување“

Хеликоптер со иранскиот претседател Ебрахим Раиши претрпел „тешко слетување“, пишува Би-би-си. Министерот за внатрешни работи кажува дека спасувачите сé уште се обидуваат да стигнат до местото на несреќата поради тешките...