Ново оружје за армијата – транспортери, оклопни возила, хеликоптери

Една третина од одбранбениот Буџет кој годинава изнесува рекордни 275 милиони евра е наменет за модернизација, информираше министерката за одбрана Славјанка Петровска

-

Нови оклопни возила од типот на JLTV Oshkosh, оклопни транспортери Stryker, француски систем за противвоздушна одбрана за мали височини, MISTRAL 3, артилериски системи и осум повеќенаменски хеликоптери ќе бидат само дел од новото вооружување на македонската армија за кое денеска информираше министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

Зборувајќи за модернизацијата, за која рече дека е од најголем обем во изминатите децении, министерката порача дека станува збор за сеопфатни повеќегодишни проекти, со што стандардите на НАТО се воведуваат и во македонската Армија.

„Една третина од одбранбениот буџет кој годинава изнесува рекордни 275 милиони евра е наменет за модернизација. Тоа е несомнен гарант дека нема да има застој во модернизацијата и дека сето она што било планирано се реализира, модернизацијата за која детално бевте информирани и од началникот на Генералштабот и од директорот на Генералштабот, опфаќа неколку повеќегодишни проекти кои целосно го менуваат ликот на Армијата“, изјави министерката Петровска.

Покрај набавката на оклопни возила од типот на JLTV Oshkosh, од кои дел се веќе пристигнати, се врши набавка и на оклопни транспортери Stryker, како и на францускиот систем за противвоздушна одбрана за мали височини, MISTRAL 3.

„Го потпишавме и договорот за набавка на артилериски системи од сојузничка Турција. Два транспортни хеликоптери на Армијата Ми-8 се во фаза на ремонтирање, во соработка со Чешка“, изјави Славјанка Петровска.

Таа информираше дека во предзавршна фаза е анализата за набавка на повеќе наменски хеликоптери, за што се пристигнати пет понуди од различни земји.

„Нашата намера е со сите овие набавки да одиме согласно принципот на договор Влада со Влада, како гарант дека овие договори се ослободени од сомнеж по било кој основ, вклучително и сомнежот за корупција“, додаде министерката Петровска.

Во однос на македонските донации за одбрана на Украина, вклучително и за последната одлука за донирање на 12 борбени хеликоптери за што владата донесе одлука пред два дена, Петровска рече дека донациите се донесени врз основа на стручното тело во Генералштабот на Армијата.

„Армијата се трансформира, Армијата се модернизира и опремува со најсофистицирано вооружување и затоа во нејзиниот состав нема место за опрема која е произведена во 1984 година и која со години и години стои само како бројка, а всушност е со истечен ресурс“, рече Петровска.

Таа додаде дека САД како сојузник за само една година одобриле и го поддржале опремувањето и модернизацијата на македонската Армија со над 135 милиони долари, што е неколкукратно повеќе од вредноста на донираната опрема.

На прашањето дали со одлуките за воена помош на Украина се нарушува борбената готовност на Армијата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, истакна дека тој и Генералштабот стојат целосно зад одлуките кои беа предложени на Министерството и донесени од страна на Владата и дека со тие донации на никој начин не се нарушува борбената готовност на Армијата.

„Апсолутно со ништо никогаш не е нарушена борбената готовност на нашата Армија, впрочем се ослободивме од источно вооружување и опрема која е стара, неперспективна и нефункционална, а од друга страна ја модернизираме Армијата, значително ја подобруваме борбената готовност и интероперабилност со нашите сојузници во НАТО“, рече генералот Ѓурчиновски.

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои цркви биле...

Заедницата за нови авантури во Baldurs Gate 3 има потенцијал како Скајрим

Заедницата за правење нови авантури во Baldur's Gate 3 од играчи покажува ист и поголем потенцијал од тоа што се правеше со „Скајрим“. Овој фактор каде играчите модираат содржини и прават...

Промовиран традиционалниот календар на Скопскиот џез-фестивал

Со концертен настап на „Филип Динев трио“ на џез-матине во саботата беше промовиран новиот календар на Скопскиот џез фестивал, кој традиционално се објавува во јануари и во изданието за 2025 содржи...

Филмски факт: „Трето полувреме“ – приказна за фудбалот како игра на судбината

Илеш Шпиц, според чиј живот и кариера е креиран ликот на Рудолф Шпиц во филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, е добро познато име во македонскиот и ексјугословенскиот фудбал. Започнал како...

Црквата што наводно го преживеала пожарот во Лос Анџелес е дело на вештачката интелигенција

Вистиномер никаде не успеа да најде информација и кредибилна вест во некој од светските медиуми дека ваква црква го преживеала пожарот во Лос Анџелес. На веб-страницата Сhurchtimes.co.uk има текст за тоа кои...