fbpx

Српската војска останува во состојба на борбена готовност

Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека вооружените сили на Република Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност до понатамошно известување

-

Во врска со вчерашните случувања на Косово денес во Белград се одржа седница на Советот за национална безбедност. На состанокот беа договорени сите неопходни безбедносни активности со цел зајакнување на одбранбените капацитети на Република Србија, пренесе Н1.

Кабинетот на претседателот на Србија, Александар Вучиќ соопшти дека вооружените сили на Република Србија остануваат на највисоко ниво на борбена готовност до понатамошно известување.

На седницата беше нагласено дека КФОР/НАТО не ја извршил својата работа согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации и Воено-техничкиот договор од Куманово.

Началникот на Генералштабот на српските вооружени сили, генерал Милан Мојсиловиќ, е овластен да одржува директен контакт со командантот на КФОР, во обид да се осигура дека КФОР/НАТО ги исполнува својата функција и мандат, во согласност со релевантните акти на ОН.

Мирно е утрово на северот на Косово

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Скопје ќе биде домаќин на Светски шампионат во латино танц

Следниот месец во Скопје ќе се одржи Светскиот шампионат во латино танц, на кој се очекуваат повеќе од 2.000 танчери од повеќе од 20 земји од светот. Глобалниот настан го...