fbpx

На Криволак се одржа „Брз одговор 23“, мултинационална вежба на војски од пет држави

На Денот за високи гости, припадниците на вооружените сили на Северна Македонија, САД, Албанија, Црна Гора и Косово изведоа вежба насловена „Мултинационална чета во напад, подржана со артилериска, воздушна и противоклопна поддршка“

-

Денеска на Криволак, како дел од еднонеделната мултинационална вежба за обука „Брз одговор 23“, војските на САД, Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово ја покажаа интероперабилноста од значење за одржување на подготвеноста на НАТО сојузниците и државите-партнери, информираше амбасадата на САД во Северна Македонија. 

На настанот беа присутни собранискиот спикер Џафери, министерката за одбрана Славјанка Петровска, амбасадорката на САД Анџела Агелер, премиерот Димитар Ковачевски и други владини и воени претставници. 

„Со оваа вежба испраќаме неколку силни пораки – дека придобивките од сојузништвото во НАТО се пред сè за граѓаните, дека нашата земја е подеднакво голема и важна колку секој од сојузниците и дека солидарноста е клучот на успехот и напредокот, особено во тешки времиња“, рече министерката Петровска денеска на „Криволак“ во своето обраќање на Денот за високи гости кој е дел од вежбата „Брз одговор 23“.

Фото: Министерство за одбрана

Министерката Петровска истакна дека силата е во различностите и дека секој успех е заеднички, и на сојузниците и на граѓаните, и додаде дека секоја инвестиција во Армијата е инвестиција во безбедноста.

На Денот за високи гости, припадниците на вооружените сили на Северна Македонија, САД, Албанија, Црна Гора и Косово изведоа вежба насловена како „Мултинационална чета во напад, подржана со артилериска, воздушна и противоклопна поддршка“.

Во рамки на вежбовната активност, употребено беше роботизираното софистицирано возило т.н. “Project Origin”, кое е во пробна употреба на Армијата на САД и кое за прв пат во вежбовни услови тестираше испалување на противоклопна ракета од типот „Javelin“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...