fbpx
Таг: НАТО

таг: НАТО

Русија ја започна војната во Украина и нејзина е одговорноста за цивилните жртви

Околу 13.000 луѓе беа убиени, од кои една четвртина цивили, а околу 30.000 беа ранети во војната во источна Украина од избувнувањето во април 2014 година до 2019 година. Дополнително, од почетокот на руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, заклучно со 13 август 2023 година, потврдени се вкупно 9.444 смртни случаи на цивили. Бројот на жртви...

НАТО директно не испраќа оружје во Украина, а во Словенија веќе испрати помош поради поплавите

Наспроти тврдењето во објавата, НАТО директно не испраќа оружје во Украина. Оружје и помош праќаат земјите-членки индивидуално, како и други земји кои не се членки на НАТО и тоа е јасно нагласено на веб-страницата на НАТО, а го има посочено и генералниот секретар Столтенберг. Не е вистина ниту тврдењето дека НАТО не испратил помош во Словенија која беше погодена...

Манипулативна објава на Фејсбук по секоја цена ја правда руската инвазија врз Украина

Целата објава изобилува со руски наративи и манипулации кои имаат за цел да шират пропаганда и да ја оправдаат руската воена агресија врз Украина. Украинците не се со испрани мозоци како што се тврди во објавата, туку тие се обидуваат на секој начин да ја одбранат својата земја од Русија. Русија е таа која ја почна војната, а западните...

Не е точно дека Русите во Покровск бомбардирале ресторан во кој се собирал персонал на НАТО

Според она што е официјално објавено, во рускиот ракетен напад на Покровск загинале цивилни лица, а не странски платеници и персонал на НАТО, како што се тврди во оваа објава на Фејсбук. Во нападот биле погодени две станбени згради и еден хотел. Персонал на НАТО не може да се најде во Украина од проста причина што НАТО не учествува...

НАТО не е поттикнувачот на војната во Украина

Не е точно дека НАТО поттикнува војна и дека има за цел да се бори против Русија преку грбот на украинските граѓани. Таквиот наратив е дел од руската пропаганда, којашто сака да ја претстави Украина како вазал на западните држави, односно дека прифатила да војува против Русија и да ги жртвува своите граѓани за целите на НАТО. Русија е...

Петровска никогаш не изјавила дека ѝ објавува војна на Русија

Доколку Петровска некогаш кажала вакво нешто, за тоа ќе имаше записи на сите медиуми, како домашни така и странски. Но, такво нешто не може да се најде на интернет просторот, ниту во пишана, ниту во аудио или видео форма. Секако, во случај Петровска да изјавеше вакво нешто, за тоа ќе имаше соодветна реакција и од страната на којашто наводно...

Самитот на НАТО, касетните бомби, Пригожин и Полска, фокус на дезинфо-наративите во јули

Во јули низ медиумите на македонски јазик можеа да се прочитаат повеќе типови руски наративи поврзани со состојбите во Украина, а доминираа оние поврзани со самитот на НАТО во Вилнус, со касетната муниција одобрена од САД за Украина, со судбината на Пригожин, при што се обнови и наративот дека Полска сака да окупира делови од Украина, но станаа актуелни...

Полска обвини дека два белоруски воени хеликоптери го нарушиле нејзиниот воздушен простор

Министерството за одбрана на Полска ја обвини Белорусија дека два нејзини воени хеликоптери го нарушиле полскиот воздушен простор, навлегувајќи на 1 август на нејзина територија во регионот Бјаловеж, пренесува Ројтерс. Полските власти информираат дека станува збор за белоруски хеликоптери „Ми-24“ и „Ми-8“, а првите снимки од инцидентот се појавија утрово на Фејсбук. Белоруските хеликоптери летале премногу ниско на полска територија...

Присуството на „Вагнер“ во Белорусија би можело да е опасност за балтичките земји

Дел од земјите на НАТО се загрижени дека платениците на „Вагнер“ би можело да предизвикаат проблеми во Белорусија, бидејќи нивната група би можела да се обиде да организира напад преку кој би ја одвоил територијата на балтичките земји од останатите членки на НАТО, пишува Јуроњуз. На ова предупредуваат и експерти кои ги контактирал Јуроњуз, при што професорот по руска политика...

Западот не води војна и не губи од Русија

НАТО не е во војна со Русија и не бараме конфронтација со Русија. Она што го прави НАТО е поддршка за Украина во нејзиното право на самоодбрана, како што е наведено и во Повелбата на ОН. Во текот на изминатите месеци, преземавме исклучиво одбранбени мерки за да го зголемиме присуството на НАТО трупи во источниот дел на Алијансата, пишува...

Лажно се прикажува дека Украина е марионета, а не независна држава која си го брани суверенитетот

Не е точно дека Украинци умираат и се раселени поради Зеленски. Русија ја нападна Украина, а Зеленски ја предводи нацијата во нејзината битка за одбрана на територијалниот интегритет и  суверенитет.  Украина добива помош од  ЕУ и НАТО земјите, но тоа не го прави Зеленски марионета. Не е точно дека НАТО сфатил дека не може да победи во војна против...

Контраспин: Левица спинува дека Македонија е вклучена во репресии на Србите на Косово

Реагирајќи на одлука на Влада за испраќање на 31 припадник на АРМ на Косово на шест месеци, Левица спинува дека КФОР е репресивна сила која често употребува прекумерна сила врз Србите, дека со одлуката на Владата и земјата е вклучена во такви репресалии, дека над 90 отсто од македонското население ја осудува таквата одлука и дека мисијата не е...

Ковачевски од Самитот на НАТО: Два отсто од БДП ќе биде минимумот за финансирање на одбраната

Сојузниците се исправени пред носење важни одлуки со што ќе покажат единство во однос на тековните и идни предизвици, рече македонскиот премиер Димитар Ковачевски пред официјалниот почеток на Самитот на НАТО во Вилнус, Литванија. Ковачевски во Литванија ја предводи владината делегација во чиј состав се министерот за надворешни работи Бујар Османи и министерката за одбрана Славјанка Петровска. На овој самит ќе...

Русија го нападна Кијив неколку часа пред почетокот на НАТО самитот

Во раните утрински часови Русија изврши воздушен напад врз Кијив и тоа само неколку часа пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија на кој алијансата ќе се фокусира на справувањето со безбедносните закани од Москва, пренесува Гардијан. „Непријателот го нападна Кијив низ воздух по втор пат овој месец“, рече Серхи Попко, шеф на воената администрација на Кијив, во...

Ердоган ги поврза кандидатурата на Шведска за НАТО со членството на Турција во ЕУ

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган најави дека неговата земја ќе го поддржи приклучувањето на Шведска во НАТО доколку Европската Унија ги отвори преговорите за членство за Турција, пренесува Би-би-си. Ердоган рече дека ова ќе биде побарано на самитот на НАТО во Литванија неделава. Ердоган рече дека Шведска презела чекори во вистинската насока со менување на антитерористичките закони, но дека тој сè...

Ковачевски: САД се наш стратешки партнер, чија поддршка е исклучително ценета

САД се наш стратешки партнер, чија што поддршка е од исклучително значење за напредокот на нашата држава, порача премиерот Димитар Ковачевски во својата честитка по повод Денот на независноста на САД - 4 Јули. Во честитката премиерот Ковачевски истакна дека земјава имала стратешки партнер во САД во сите предизвици од нејзиното осамостојување до денес. „Соединетите Американски Држави се наш стратешки партнер,...

Две од девет земји претставени на оваа фотографија не се членки на НАТО

Не сите земји чии знамиња се претставени на фотографиите се членки на НАТО,  исто така,  една од министерките е за надворешни работи, а не за одбрана, пишува Вистиномер.мк.   Текстот од Вистиномер го пренесуваме во целост: Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели: „Министрите за одбрана на 9 земји членки на НАТО.“ Во склоп на постот се објавени 9 фотографии од жени за кои...

ЕУ ги вика на итна средба Курти-Вучиќ, НАТО повикува на смирување на тензиите

Европската Унија ги повика косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ на итна средба во Брисел, но датумот за средбата засега не е утврден поради тоа што ниту една од двете страни не го потврдила своето учество. Портпаролот на ЕУ, Петар Стано рече дека поканата за разговор е од еврокомесарот за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, додавајќи...

Русија ќе почне со поставување на нуклеарните ракети во Белорусија од 7-8 јули

Русија ќе постави тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, откако соодветните капацитети за нивно чување и примена ќе бидат готови - на 7 и 8 јули, најави рускиот претседател Владимир Путин денеска на средбата со белорускиот претседател Александар Лукашенко во Сочи. „За најчуствителните прашања, за коишто се договаравме со Вас, се оди по планот. Како што знаете, на 7-8...

„Русија само се брани“ – главниот дезинфо наратив во мај

Денот на победата над фашизмот 9 Mај беше повод рускиот претседател Владимир Путин да го искаже главниот дезинформациски наратив во мај, покрај серијата други, а тоа е, дека Русија е жртва во војната со Украина, зашто таа само се брани. Додуша, на рака на Путин овој месец му одеа и битките со дронови и двата напада врз Москва, едниот...

Муцунски: Бојкотот на ДУИ не успеа, од утре очекуваме нов претседател

„Отворениот повик за бојкот на ДУИ не успеа“, прогласи потпретседателот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски на прес-конференција во седиштето на партијата. Со оваа...