Русија го нападна Кијив неколку часа пред почетокот на НАТО самитот

Ова се случува пред почетокот на самитот на НАТО во Литванија кој се очекува да го обликува правецот на војната во Украина и иднината на западната алијанса

-

Во раните утрински часови Русија изврши воздушен напад врз Кијив и тоа само неколку часа пред почетокот на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија на кој алијансата ќе се фокусира на справувањето со безбедносните закани од Москва, пренесува Гардијан.

„Непријателот го нападна Кијив низ воздух по втор пат овој месец“, рече Серхи Попко, шеф на воената администрација на Кијив, во објава на апликацијата Телеграм.

Украинските системи за воздушна одбрана ги собориле сите беспилотни летала од иранско производство што Русија ги лансирала, пред да стигнат до нивните цели, тврди Попко. Засега нема информации за штети или жртви.

Според украинските воздухопловни сили, предупредувањата за воздушен напад во украинскиот главен град биле активни повеќе од еден час, а во делови од истокот на Украина и подолго.

Ова се случува пред почетокот на самитот на НАТО во Литванија кој се очекува да го обликува правецот на војната во Украина и иднината на западната алијанса.

Сојузниците се очекува да ѝ покажат на Русија дека се подготвени да ја поддржуваат  Украина и на подолг рок.

Се претпоставува дека одредени сојузници ќе му ветат на Кијив нови безбедносни гаранции дизајнирани да ја одвратат идната руска агресија. Тие ќе разговараат и за обезбедување повеќе оружје и муниција, пренесува Би-би-си.

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска проф. д-р...

Од Иницијатива „Нула“ донираа ПП апарат на тетовскиот суд и Обвинителство и најавија протест в понеделник

Со поставување противпожарен апарат пред Обвинителството и Судот во Тетово, денеска од Иницијативата „Нула“ најавија протест кој ќе се одржи во понеделник во Тетово, на кој ќе побараат одговорност за трагедијата...

За трагедијата во Кочани осомничени вкупно 34 лица: Сите знаеле дека „Пулс“ не ги исполнува условите за работа

Осомничени се вкупно 34 лица, вклучувајќи го сопственикот и управителот на дискотеката „Пулс“, обезбедувањето, поранешен министер, државен секретар, раководители на сектор и одделение, помлад соработник, поранешни градоначалници, директори на пазарен инспекторат,...

Уште една жртва од падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад

Српските студентски движења „Студенти у блокади“ преку социјалните мрежи на јавноста ѝ соопштија дека по четири месеци тешка борба, денеска починал еден од повредените од трагедијата на железничката станица во Нови...

Станков: Задушување е причината за смрт кај жртвите во кочанската дискотека

Насилно задушување во директна поврзаност со пожарот е причината за смртта на сите 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани што се случи изминатиот викенд, кажа денеска...