fbpx

Две од девет земји претставени на оваа фотографија не се членки на НАТО

Не сите земји чии знамиња се претставени на фотографиите се членки на НАТО, исто така, една од министерките е за надворешни работи, а не за одбрана

-

Не сите земји чии знамиња се претставени на фотографиите се членки на НАТО,  исто така,  една од министерките е за надворешни работи, а не за одбрана, пишува Вистиномер.мк.

 

Текстот од Вистиномер го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

„Министрите за одбрана на 9 земји членки на НАТО.“

Во склоп на постот се објавени 9 фотографии од жени за кои се тврди дека се министерки за одбрана во земјите членки на НАТО, а до секоја од фотографиите има и знаме од државата од која доаѓаат.

На првата фотографија се наоѓа Клаудија Танер, министерка за одбрана на Австрија. Но, Австрија не е земја членка на НАТО, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме. Австрија и НАТО имаат блиска врска, но Австрија е една од петте членки на Европската Унија кои не се членки на НАТО. Австрија има формални релации со НАТО од 1995 година кога се приклучи во програмата за Партнерство за мир.

На втората фотографија е министерката за одбрана на Белгија Лудивин Дедондер. Белгија е земја членка на НАТО.

На третата фотографија се наоѓа знамето на Исланд и до него фотографија од Тордис Колбрун, министерка за надворешни работи на Исланд од 2021 година. Па, наспроти изнесеното во постот, Колбрун не е министерка за одбрана на Исланд, иако е точно дека Исланд е во НАТО.

На четвртата фотографија се наоѓа знамето на Шпанија а до него фотографија од министерката за одбрана на ШпанијаМаргарита Роблес. Шпанија влезе во НАТО во 1982 година.

На петтата фотографија е знамето на Канада и фотографија од министерката за одбрана на Канада Анита Ананд.  Канада е НАТО членка.

На шетата фотографија е знамето на Холандија и прикажана е од министерката за одбрана Кајса Олонгрен. 

Потоа е претставена фотографија од министерката за одбрана на Македонија, Славјанка Петровска. На следната фотографија е знамето на Чешка и чешката министерка за одбрана Јана Черночова.

На последната фотографија со знамето на Швајцарија, претставена е Виола АмхердНо, наспроти изнесеното во постот што го рецензираме, Швајцарија не е земја членка на НАТО. Taa соработува со алијансата преку Партнерство за мир и преку Еевроатлантскиот партнерски совет, каде може да ги претстави своите ставови за надворешната политика и безбедносни прашања.

Поради сите горенаведени факти, постот го оценуваме како делумно невистинит. Не сите земји чии знамиња се претставени на фотографиите се членки на НАТО, исто така, една од министерките е за надворешни работи, а не за одбрана.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...