Османи: ДУИ го замрзнува членството на Рамиз Мерко во партијата

„ДУИ jа прифаќа одлуката на Рамиз Мерко за замрзнување на негови партиски функции додека не заврши истрагата. ДУИ ја прекинува изборната активност во Струга додека не се создадат нови услови за нивно организирање“, кажа Османи

-

Партијата Демократска унија за интеграција донела три одлуки во врска со информацијата дека САД го ставиле струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа поради сомневања за значителна корупција, соопшти портпаролот на партијата, Бујар Османи. Тој кажа дека ДУИ бара институциите веднаш да започнат сеопфатна истрага за Рамиз Мерко за сите тврдења и информации кои произлегуваат од извештајот на Стејт департментот на САД.

„ДУИ jа прифаќа одлуката на Рамиз Мерко за замрзнување на негови партиски функции додека не заврши истрагата. ДУИ ја прекинува изборната активност во Струга додека не се создадат нови услови за нивно организирање“, рече Османи.

Тој побара да има истрага за сите политички партии и нивните јавни и партиски функционери бидејќи, како што нагласи, само на тој начин може да има борба против корупцијата и злоупотребата на темата за политички цели и ги охрабри САД да продолжат со оваа активност.

„ДУИ има јасни ставови по однос на владеењето на право и борбата против корупцијата, потсетувајќи на двете одлуки на Централното претседателство на партијата, за задолжителен ветинг на секој носител на партиски и јавни функции, по можност со меѓународна помош, и за итна институционална верификација на сите јавно изразени сомневања за партиски и јавни функционери на ДУИ“, соопшти Османи.

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски јазик „on...

Европскиот суд за човекови права го одобри барањето на ЦРТА за привремена мерка во случајот со звучно оружје

Европскиот суд за човекови права (совет од седум судии) на 29 април 2025 година одлучи делумно да го одобри барањето поднесено од страна на ЦРТА и низа граѓански организации, за воведување...

Музичарот „Моби“ дава 500 песни бесплатно за користење на фановите за креативна употреба

Myзичарот „Моби“ (Moby) познат по неговата електронска музика направи 500 негови песни да бидат бепсплатни за симнување и користење. Ова значи дека песните можат да се симнат, преработуваат и да се...

Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Љупчо Коцевски денеска оствари средба со Амбасадорот на Република Франција Кристоф Ле Риголер, со кого разговараше за состојбите во јавното обвинителство и за француската поддршка...

Поништена набавката за софтверот што требаше да ги оценува медиумските објави како позитивни, негативни или неутрални

Службата за општи и заеднички работи на Владата ја поништи постапката за набавка на софтвер за оцена на медиумското влијание и за конверзија на говор во текст на македонски...