fbpx

Османи со честитка до финското раководство за членството на земјата во НАТО

Османи упати честитка до Финска за нејзиното членство во НАТО, оценувајќи го како значаен влог за целокупната трансатлантска стабилност

-

Членството на Финска во НАТО е историски момент за Алијансата и е вистински пат за заедничка поголема безбедност и сигурност. Членството на Финска во НАТО е важен чекор што ќе го зајакне единството и одбранбените способности на Алијансата. Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи Бујар Османи на средбата со финскиот министер за надворешни работи, Пека Хависто, информираат од македонското МНР.

Тие се сретнаа на маргините на Состанокот на министри за надворешни работи на НАТО во Брисел, на кој Финска и официјално стана 31-ва земја членка на Алијансата.

Османи упати честитка до Финска за нејзиното членство во НАТО, оценувајќи го како значаен влог за целокупната трансатлантска стабилност.

„Северна Македонија три години ја уживаше привилегијата на статусот најмладата членка на НАТО. Сметам дека статусот на Финска на најмлада членка ќе трае многу пократко од нашиот. Очекувам да ѝ посакаме добредојде на Шведска во НАТО пред Самитот во Вилнус“, рече Османи.

Покрај НАТО, во фокус на средбата со Хависто биле и приоритетните прашања од работата на ОБСЕ за време на претседавањето на Северна Македонија со Организацијата во 2023 година.

На средбата било истакнато дека во оваа многу критична геополитичка ситуација и во овие времиња на големи предизвици, ОБСЕ е, и треба да остане една од најзначајните меѓународни платформи за дијалог.

„Северна Македонија ја цени улогата и учеството на Финска во ОБСЕ Тројката, како и соработката која се остварува на сите нивоа за функционирањето на ОБСЕ“, истакна Османи на средбата.

Инаку, на маргините на Министерскиот состанок на НАТО, Османи оствари билатерални средби и со министрите за надворешни работи на Естонија и Романија, Урмас Реинсалу и Богдан Ауреску, како и со Високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците од утре на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од утре, 29 април, ќе бидат на пролетен распуст. Распустот ќе трае 8 дена, а во училишните клупи ќе се вратат...