fbpx
Таг: корона вирус

таг: корона вирус

Во средното образование не се овозможија услови за квалитетно спроведување на далечинска настава

Во 64 отсто од случаите, ретко (еднаш во две недели или еднаш во месецот) или воопшто не се употребувале дигитални алатки во редовната настава, а 51 отсто од учениците никогаш не биле обучени од своите наставници за тоа како да користат дигитални алатки за потребите во наставата. Ова се дел од наодите на националното истражување за спроведувањето на далечинската...

Во јуни индустриското производство опаднало за 15,1 отсто

Индустриското производство падна во минус како последица на корона кризата која негативно се одразува врз сите сектори. Во јуни годинава падот на индустријата, како што соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС) изнесува 15,1 отсто, во однос на јуни 2019 година, или индексот на индустриското производство во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 84,9. Пандемијата на...

Чешка и Австрија воведуваат семафори за аларм за состојбата со ковид-19

По примерот на Белгија и на други европски држави, и Чешка и Австрија, се подготвуваат наскоро да воведат семафори кои во регионите ќе ја покажуваат состојбата со корона вирусот. Чешка тоа го планира на почетокот на август, а Австрија во септември. Чешкиот министер за здравство Адам Војтех деновиве го претстави ковид-19 семафорот, каде со боите на семафорот се означени општините,...

За две седмици завршен новиот монтажен објект на Пулмологија (галерија)

За помалку од две седмици е поставен новиот монтажен објект, кој ќе биде амбулантско-поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија, лоциран на просторот меѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ, соопшти Министерството за здравство. Во новиот објект се наоѓаат четири амбуланти и кабинети со спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за...

Угостителите бараат протоколи за организирање на прослави и настани

Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија денеска одржа состанок со Комисијата за заразни болести, на која угостителите повторно ја искажаа неопходноста од креирање и донесување соодветни протоколи кои би се почитувале за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти. Континуирано на состаноците на ТУК со Комисијата за заразни болести, се укажува дека дел...

Македонците нема да може да патуваат во ЕУ до септември

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одлучија на жителите од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, да не им дозволат влез во Европската Унија до септември. „Ројтерс“ јавува дека амбасадорите одлучиле да ја намалат листата на безбедни земји во кои се дозволуваат несуштински патувања на вкупно 11. На листата на безбедни земји во кои ковид-19 се смета...

Корона вирусот доведе до голем пад на тргувањето на пазарот на недвижности

Драстично намалување на обемот на тргување на пазарот на недвижности во периодот од 1 април до 30 јуни годинава откриваат новите податоци од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности. Во второто тримесечје од 2020 година, кога се разгоре кризата предизвикана од корона вирусот, евидентирани се вкупно 4.073 трансакции, што е помалку за 3.085 трансакции...

Нови 188 случаи на ковид-19, оздравија 268 пациенти, починати пет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-21, Дебар-1, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Велес-1, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Гостивар-23, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1 и Неготино-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-23, Дебар-2, Штип-1, Прилеп-1,Тетово-41,...

Наставата во училница е неопходна, се подготвуваат правила за работа на училиштата

Во едни училишта во државата има подобри просторни услови, во други полоши. Некаде има многу голем број на ученици, па ќе мора да се воведе учење во смени, а во други пак, има помали паралелки и нема да има потреба од смени. Затоа, наставата со физичко присуство ќе се одвива на различен начин во различни училишта, но важно е...

Синдикати: Кривична одговорност за работодавачите кои зедоа државни пари за плати, а не ги исплатија работниците

Шест синдикати, неколку здруженија и асоцијации ги осудија сите работодавачи кои зедоа државни пари за исплата на плати, а не им ги дадоа на своите вработени. Во нивното заедничко соопштение се вели дека целта на државната финансиска поддршка утврдена со владината уредба за справување со кризата од ковид-19 беше да се зачуваат работните места на работниците, а не работодавачите...

Српскиот министер за здравје погрешно ги толкува препораките од СЗО

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

ФООМ ќе обезбеди 148.000 долари локална поддршка за ранливи групи на граѓани за справување со последиците од ковид кризата

Со цел да се ублажат социо-економските последици од влијанието на ковид-19 врз ранливите групи, Фондацијата Отворено општество - Македонија обезбеди 148.000 долари локална поддршка преку регионалниот проект „Одговор на социо-економските ефекти од ковид-19 преку поддршка на ранливите групи, нископлатените работници, работниците од неформалната економија и повремено вработените.“ Проектот се спроведува во земјите од Западен Балкан, со поддршка од Заедничкиот фонд...

Ковид-19 му донесе загуби на светскиот туризам од 320 милијарди долари

Светската туристичка организација (UNWTO) ги објави загубите во туризмот настанати поради пандемијата на ковид-19. Во мај годинава тие изнесуваат 320 милијарди долари, при што е забележан пад од 300 милиони туристи. Тоа е за три пати повеќе од загубите во 2009 година, за време на светската економска криза. Последното издание на Светскиот туристички барометар покажа дека ограничувањето на движењето, кое...

ИЈЗ регистрира повеќе оздравени од ковид-19, помалку новозаразени и починати лица

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 20 до 26 јули регистрира намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела. Она што се забележува е дека во однос на старосната структура, поголем број на заболени е регистриран кај лицата помеѓу 40 и 49 години. „Во дадениот период...

Во вториот квартал значително намалена побарувачката за кредити кај граѓаните

Во второто тримесечје на 2020 година, во екот на пандемијата на ковид-19 во земјава, банките укажуваат на значително нето-намалување на побарувачката на вкупните кредити на секторот „домаќинства“, наспроти малото нето-зголемување во претходната анкета, покажува најновата анкета на Народната банка за кредитната активност за периодот април-јуни 2020 година. Имено, околу 58 отсто од банките укажале на значително намалување на кредитната побарувачка,...

Апарати за брзи тестови ќе се постават во 16 монтажни ковид центри низ државата

Машини – апарати за тестирање, кои за неколку часови ќе можат да дадат резултати за присуство на корона вирусот, ќе бидат инсталирани во монтажните болници, 16 на број, кои Министерството за здравство ги подготвува за во септември, кога се очекува втор бран на епидемијата. Ова денеска во Штип го најави државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, кој...

Инспекторат за животна средина: Цистерната со винил хлорид во ОХИС е безбедна

Цистерната во која е складиран отпадниот винил хлорид мономер во дворот на ОХИС има систем за ладење и е безбедна, констатирал Државниот инспекторат за животна средина. По објавите на социјалните мрежи и вознемиреноста на јавноста минатата недела дека постои испарување од садот под притисок во којшто е складирана опасната хемикалија, Инспекторатот потврди дека цистерната се чува според протоколите за...

Лукаревска: Во април и мај 708 работодавачи добиле државна помош, а не исплатиле плати на 1.706 работници

За месец април, на 19.780 работодавачи им се исплатени вкупно 1.793.207.603 денари државна помош за вкупно 128.315 вработени, но 281 работодавачи од нив, кои примиле финансиска поддршка во износ од 9.995.565 денари не ја исполниле обврската за исплата на плата за 722 вработени, изјави денеска на прес-конференција директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Финансиска поддршка за мај добиле...

Регистрирани 102 нови случаи на ковид-19, 99 оздравени и пет починати лица

Во последните 24 часа се направени 1.356 тестирања, а регистрирани се 102 нови случаи на ковид-19, информираат во Министерството за здравство. Освен тоа, починати се пет лица во изминатото деноноќие, а во истиот период регистрирани се 99 оздравени пациенти. Најмладиот починат пациент е од Прилеп и е на возраст од 48 години. „Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја...

Завршени 50 отсто од експропријацијата на земјиштето на трасата на автопатот Скопје-Блаце

Поради состојбата со ковид-19, изградбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце заглави на експропријацијата на 68 имоти низ кои треба да минува трасата. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека експропријацијата на земјиштето досега е реализирана во над 50 отсто од трасата. - Поради состојбата со ковид-19, Министерството за финансии, односно Управата за имотно-правни работи Чаир, не...

В понеделник ќе биде врачена наградата „Роман на годината“

Во понеделник, на 20 мај, во Драмскиот театар во Скопје, со почеток во 19 часот и 30 минути ќе се одржи свечено врачување на наградата „Роман на годината“ за...