fbpx

Нови 188 случаи на ковид-19, оздравија 268 пациенти, починати пет лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.971 тестирања, а регистрирани се 188 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-44, Куманово-21, Дебар-1, Штип-18, Тетово-24, Струга-21, Велес-1, Битола-5, Охрид-6, Кавадарци-3, Гостивар-23, Крива Паланка-1, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кичево-10, Ресен-1 и Неготино-2.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 268 оздравени пациенти од: Скопје-105, Куманово-23, Дебар-2, Штип-1, Прилеп-1,Тетово-41, Струга-22, Велес-5, Битола-3, Охрид-19, Гостивар-12, Радовиш-1, Пробиштип-3, Демир Хисар-1, Св.Николе-12, Кичево-13 и Ресен-4.

Во изминатото деноноќие починати се 5 лица, пациентка од Скопје (62г.), пациент од Битола (74г.), пациентка од Куманово (78г.), двајца пациенти од Тетово (61г. и 76г.). Четири пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.503, бројката на оздравени пациенти е 5.931, на починати е 476, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.096.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 9 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 86 пациенти. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 4 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 7 нови, вкупно хоспитализирани се 98 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 37, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 117 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...