fbpx
Таг: корона вирус

таг: корона вирус

Дезинформации за протест на 3,5 милиони луѓе во Берлин против мерките за ковид-19 се шират и во Грција

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до...

Изречени казни од 7.000 евра за бесправни тераси и шанкови во Охрид

Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување...

Граѓаните на Мелбурн напаѓаат полицајци гневни поради вонредните мерки

Во јужниот австралиски град Мелбурн, еден од двата најголемите градови во Австралија, има значителен пораст на луѓе што даваат отпор на мерките за изолација и затворање во домовите поради пандемијата со ковид-19, јави Би-Би-Си. Полициски час од 22 до 5 часот беше воведен ноќта меѓу неделата и понеделникот во петмилионскиот Мелбурн, а од неделата властите започнаа воведување на низа мерки...

Гутереш: Корона вирусот доведе до најголемото пореметување на образованието во историјата

Светот се соочува со генерациска катастрофа, која би можела да доведе до губење на незамислив човечки потенцијал, да ги подрие децениите на напредок и да ги засили вкоренетите нееднаквости, откако корона вирусот доведе до најголемото пореметување на образованието во историјата, порача Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во видео обраќање на почетокот на кампањата на ОН, „Да ја спасиме...

Во јули раст на буџетските приходи од 1,4 отсто, првпат од почетокот на корона кризата

Во јули годинава е забележан прв месечен раст на приходите во буџетот, откако почна ковид-19 кризата, со месечен раст од 1,4 отсто во однос на лани. Тоа се должи на растот на придонесите, но и на повеќе видови даноци. Како што соопштија од Министерството за финансии, по значително подобрата наплата на приходите во јуни, во споредба со април и...

УКЛО подготвува стратегија за новата академска година во која се разгледуваат две сценарија

Додека се чека последниот збор на МОН и Комисијата за заразни болести за тоа како ќе се одвива академската година на универзитетите во земјава, на факултетите веќе течат подготовките. Дел од нив ги разгледуваат опциите за онлајн, а дел за комбинирана настава. Високите образовни институции ќе се водат според мислењето на нивните студенти, чиј заклучок е донесен по анкетите...

Корона вирусот го одложи плаќањето на речиси половина од вкупните кредити

Заклучно со 31.5.2020 година, кредитите со одобрен грејс-период согласно со регулаторните измени заради ковид-19 зафаќаат 46,7 отсто од вкупните редовни кредити на нефинансискиот сектор, открива Народната банка во новиот извештај за ризиците во банкарскиот сектор. Од аспект на структурата, околу две третини од овие кредити отпаѓаат на физичките лица, 33,9 отсто на претпријатијата и незначителни 0,2 отсто на трговците на...

Јавниот долг во второто тримесечје порасна на 59,5 отсто како резултат на ковид-19 кризата

Заклучно со вториот квартал од 2020 година, јавниот долг изнесува 59,5 отсто, додека државниот долг се искачи на 50,7 отсто, информираат од Министерството за финансии. Покачувањето на јавниот и државниот долг во второто тримесечје се должат првенствено на повлекувањата на средства преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на ковид-19 кризата,...

Изминативе три дена 863 пациенти оздравеа, а 443 лица се заразија од ковид-19

Бројот на оздравени пациенти значително порасна во изминативе три дена, иако пандемијата на ковид-19 во земјава не се смирува и сè уште е висок бројот на новозаболени лица што секојдневно го регистрираат здравствените власти. Според официјалниот биланс, во изминативе три дена 863 болни од ковид-19 оздравеле, но затоа пак 443 лица се заразиле од корона вирусот. Министерството за здравство информира...

Денеска регистрирани 138 нови случаи на ковид-19, оздравени се 144 пациенти, починаа 7 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-10, Штип-16, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-10, Крива Паланка-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Виница-2, Кратово-1, Кичево-3 и Ресен-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од: Скопје-105, Штип-9, Прилеп-2, Тетово-4,...

Додека се чека последниот збор на МОН и Комисијата за заразни болести, факултетите се подготвуваат за академската година

Се ближи испитната сесија на факултетите низ земјава, а на прагот е и новата академска година. Поради појавата на корона вирусот, претходниот семестар и јунската испитна сесија се одвиваа под корона услови со онлајн испити. Процесот заврши со низа критики и анегдоти, а на површина излегоа недостатоците на образовниот систем. Студенскиот лидер на УКИМ, Борјан Ефтимов вели дека во моментов...

Влада: Свеченостите по повод Илинден ќе се одржат согласно протоколот, без масовни народни собири

Во организација на Владата, во координација со Претседателот и со Собранието, на 2 Август, по повод Денот на Републиката – Илинден, ќе се организираат свечени програмски содржини посветени на големиот државен празник, кои оваа година ќе се реализираат согласно препораките од протоколот за одбележување државни празници на Комисијата за заштита од заразни болести. „Тие услови оваа година, заради пандемијата со...

Од 1.377 тестирања, 139 нови случаи на ковид-19, 534 оздравени и шестмина починати

Во текот на изминатите 24 часа, како што соопшти Министерството за здравство, регистрирани се дури 534 пациенти оздравени од ковид-19 во едно деноноќие. Во исто време, со новите тестирања се утврдени уште 139 случаи, а од последиците на болеста, починале шестмина. Од вкупно 139 нови случаи, од Скопје се 36, од Гостивар 16, од Кичево 15, од Тетово 14, од...

Струјата поскапува за 7,42 проценти, сметката од 1.500 ќе се зголеми на 1.600 денари

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информираше дека струјата ќе поскапи за 7,42 проценти. РКЕ донела одлука со која „одобри регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.“ „Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги направи сеопфатни и детални анализи...

Развојната банка ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за кредити за домашните компании

Петтата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5, која ја користи Развојната банка на РСМ, е во износ од 25,6 милиони евра, а е одобрена за 105 различни проекти на домашни компании, информираат од банката. Пласманот на средствата од оваа транша се одвива преку шест комерцијални банки, со кои Развојна банка има склучено договор за оваа кредитна линија. Овие 105...

Девет од десет читатели изложени на лажни вести – НАТО со правила за проверка на вестите

Illustration: Fakenews.rs
Осумдесет и шест отсто од луѓето биле изложени на лажни вести, а девет од десет испитаници на прв поглед поверувале дека веста е точна, покажала анкета во 25 земји спроведена од меѓународната агенција Ипсос. Како дел од подготовките пред можен втор бран на пандемијата на КОВИД-19 на есен, НАТО објави пет совети за откривање лажни вести и дезинформации: - Проверете...

Планетата се прегрева, ако не ги спречиме, климатските промени ќе ни донесат нови пандемии

Пандемијата на ковид-19 го стави светот пред нови искушенија. Економиите, здравствените системи и образованието се во создавање на навики од „новото нормално“, кое пак, никако не смее да ја заобиколи животната средина и борбата со климатските промени. Сѐ погласни се апелите дека пандемиите се неизбежното зло кое нѐ очекува во иднина, доколку економијата, но и политичката волја не ја...

Реисот Фетах Шаќири е позитивен на ковид-19, упати телефонска порака по повод Курбан Бајрам

Вршителот на должност претседател на Исламската верска зедница, Фетах Шаќири е позитивен на ковид-19. Поради тоа, како што информираа од ИВЗ, а и заради заштита на новинарските екипи и неговите соработници, годинава пораката по повод утрешниот исламски празник Курбан Бајрам, Шаќири ја испрати телефонски. Тој денеска преку својот фејсбук-профил потврди дека е позитивен на корона вирус и дека се наоѓа...

Под посебни протоколи, Охридско лето ќе започне со вечер посветена на Ана Липша Тофовиќ

Во знакот на основоположникот на Охридско лето, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, годинава со вечер посветена на нeјзиниот творечки опус ќе започне годинешново јубилејно 60-то издание на фестивалот Охридско лето. На 4-ти август ќе блесне сцената на Античкиот театар со концертот на арии насловен како „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“,  во изведба на светски познатите солисти, Марија...

Нови 119 случаи со ковид-19, оздравени 89, починати четири лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-15, Штип-17, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-3, Велес-3, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Кочани-1, Демир Хисар-5, Берово-1, Свети Николе-1, Кичево-8 и Ресен-1. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-10, Штип-12, Тетово-26, Струга-1, Велес-1,...