fbpx

Изречени казни од 7.000 евра за бесправни тераси и шанкови во Охрид

-

Поради зголемениот број на посетители во Охрид, во текот на изминатиот продолжен празничен викенд, екипи на Инспекторатот при Општина Охрид во координација со инспекторите на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд, спроведоа заеднички контроли и извршија инспекциски надзор на плажите, угостителските и сместувачките капацитети, во делот на почитување на законските прописи за поставување на урбана опрема и почитување на протоколите за превенција од корона вирусот.

При контролите, во автокампот и плажата „Градиште“ од страна на општинските инспектори, кај 5 правни субјекти е констатирано прекршување на Членот 161-а од Законот за градење при што за секој од нив е изречена глоба во износ од 7.000 евра во денарска противредност. Глобата е изречена за незаконско поставување на урбана опрема-тераси со и без настрешници и покриени и непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобрението за поставување на урбана опрема.

Во текот на инспекцискиот надзор на делот од крајбрежјето, на потегот во населбата „Свети Стефан“ каде што во текот на изминатиот период се вршеше отстранување на бесправни градби, исто така, од страна на општинските инспектори е утврдено прекршување на Членот 161-а од Законот за градење и изречена e глоба во износ од 7.000 евра во денарска противредност за 5 правни лица.

Инспекторатот при Општина Охрид и во текот на наредниот период ќе спроведува интензивни контроли на угостителските објекти и плажите на Охридското крајбрежје и ќе ги санкционира сите прекршувања на законските одредби.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...