fbpx

Нови 119 случаи со ковид-19, оздравени 89, починати четири лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.325 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-35, Куманово-15, Штип-17, Прилеп-3, Тетово-4, Струга-3, Велес-3, Битола-8, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-8, Крива Паланка-1, Кочани-1, Демир Хисар-5, Берово-1, Свети Николе-1, Кичево-8 и Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти од: Скопје-22, Куманово-10, Штип-12, Тетово-26, Струга-1, Велес-1, Битола-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Кратово-1, Св.Николе-2, Кичево-3 и Ресен-4.

Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (65, 66 и 73 години) и пациент од Гостивар (72г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.617,  бројката на оздравени пациенти е 6.020, на починати е 480, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.117.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 81 пациент. На кислородна поддршка се 40 пациенти, нема пациенти на респираторна машина.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 100 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 32, а во болницата во Штип се хоспитализирани 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 118 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...