fbpx

Струјата поскапува за 7,42 проценти, сметката од 1.500 ќе се зголеми на 1.600 денари

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги информираше дека струјата ќе поскапи за 7,42 проценти.

РКЕ донела одлука со која „одобри регулиран максимален приход и цени на пресметковните елементи за вршење на енергетската дејност снабдување со електрична енергија на потрошувачите кои ги снабдува универзалниот снабдувач ЕВН ХОМЕ ДОО Скопје.“

„Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги направи сеопфатни и детални анализи на податоците доставени од енергетските компании за изминатата нетипична година поради пандемијата со ковид-19. РКЕ ја одобрува крајната цена на електричната енергија во која се пресметани и трошоците на МЕПСО за пренос на електрична енергија, Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, како и трошокот за набавена електрична енергија. Со сите овие елементи просечната крајна цена е корегирана за 7,42 проценти или за досегашна сметка од 1.500 денари ќе има зголемување од околу 100 денари. Евтината тарифа останува на располагање на граѓаните во интервалите кои се и денеска на сила преку ден и навечер,“ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Тој додаде дека анализите укажуваат дека има отстапување на остварената потрошувачка на електрична енергија во однос на проектираната, како резултат на намалувањето на економската активност на индустриските капацитети, што предизвика и намалување на приходите на енергетските компании.

„Во однос на цената на електрична енергија, согласно моделот на пазарот на електрична енергија којшто произлегува од Законот за енергетика, Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги втора година по ред не ја утврдува цената на електричната енергија произведена во ЕСМ. Со оглед дека пазарот на електрична енергија на големо е целосно либерализиран, ЕВН ХОМЕ ја обезбедува електричната енергија за потребите на малите потрошувачи и домаќинствата преку јавен повик. И оваа година најголемиот дел од потребната електрична енергија се обезбедува од ЕСМ, како најповолен понудувач на јавниот повик, додека мал дел согласно одредбите од Законот за енергетика се обезбедува од повластените производители на електрична енергија од обновливи извори на енергија,“ потенцираше Бислимоски.

ЕВН Хоме е универзален снабдувач, кој има обврска да обезбеди електрична енергија за сите домаќинства кои го немаат променето снабдувачот.

Оваа година Електрани на Северна Македонија, производител на електрична енергија со најголем инсталиран капацитет, е должен на универзалниот снабдувач да му понуди на продажба најмалку 75 проценти од неговите вкупни годишни потреби од електрична енергија, во согласност со правилата за набавка на електрична енергија за универзалниот снабдувач.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...