За 4,4 отсто помалку вработени во индустријата во првите четири месеци од годинава

-

Кризата во економијата што настана поради корона вирусот предизвика и намалување на бројот на работниците во индустријата. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС), индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни годинава, во споредба со истиот месец лани, изнесува 94,8 или бележи намалување од 5,2 отсто.

За првите четири месеци од 2020 година е регистриран помал број на вработени за 4,4 отсто или индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на периодот јануари ‒ јуни 2019 година, изнесува 95,6.

Според статистиката, најголем пад на бројот на вработените во јуни имало во секторот Преработувачка индустрија, опаѓање од 5,7 отсто, а незначитени промени имало во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и Рударство и вадење на камен, каде во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, бројот на вработените бил помал за 0,9, односно 0,6 отсто.

Според главните индустриски групи, кај Енергија бројот на работниците е намален за 1 отсто, кај Интермедијарните производи, освен енергија за 5,6 отсто, кај Капиталните производи за 5,3 отсто, кај Tрајните производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,5 отсто.

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат основани сомнежи...

Македонија го активираше ЕУ-механизмот за помош во справување со пожарите, Грција испраќа два канадери и пешадиски тимови

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, попладнево на прес-конференција информираше дека поради сериозноста на ситуацијата со шумските пожари низ државата, активиран е Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија. „Денес е активиран...

Делумно нормализиран сообраќајот кон Блаце, пуштена за сообраќај и скопската обиколница

Министерството за внатрешни работи (МВР) информира дека скопската обиколница е целосно пуштена за сообраќај, а од 17:20 часот денеска сообраќајот кон Граничниот премин Блаце е повторно отворен, но само за патнички...

Основното јавно обвинителство издаде наредби и насоки за целосно испитување на причините за настанување на пожарот во Визбегово

Основното јавно обвинителство Скопје постапува во координација со Министерството за внатрешни работи, како и со Здружението на новинари со цел итно обезбедување на сите докази во врска со информациите дека екипа...

Полицијата се сомнева дека дел од пожарите во кои до сега две лица починаа, се подметнати

Пожарите што деновиве ја зафатија Македонија можеби не се последица само на високите температури и силниот ветер. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на прес-конференција изјави дека постојат...