fbpx

Денеска регистрирани 138 нови случаи на ковид-19, оздравени се 144 пациенти, починаа 7 лица

-

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-47, Куманово-17, Дебар-10, Штип-16, Прилеп-2, Тетово-2, Велес-5, Битола-5, Охрид-2, Кавадарци-1, Гостивар-10, Крива Паланка-1, Кочани-5, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Македонски Брод-6, Виница-2, Кратово-1, Кичево-3 и Ресен-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од: Скопје-105, Штип-9, Прилеп-2, Тетово-4, Велес-1, Битола-5, Гостивар-1, Кочани-4, Пробиштип-1, Демир Хисар-2, Берово-1, Кичево-7 и Ресен-2.

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10.891,  бројката на оздравени пациенти е 6.698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.700. Од вчерашните 1 тест е контролен и се евидентира денес.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 7 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 89 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, 1 на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 10 возрасни пациенти позитивни на ковид-19 и 2 деца позитивни, како и 2 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, вкупно хоспитализирани се 87 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 30, а во болницата во Штип се хоспитализирани 41 пациент. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 120 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...