fbpx

Реисот Фетах Шаќири е позитивен на ковид-19, упати телефонска порака по повод Курбан Бајрам

-

Вршителот на должност претседател на Исламската верска зедница, Фетах Шаќири е позитивен на ковид-19. Поради тоа, како што информираа од ИВЗ, а и заради заштита на новинарските екипи и неговите соработници, годинава пораката по повод утрешниот исламски празник Курбан Бајрам, Шаќири ја испрати телефонски.

Тој денеска преку својот фејсбук-профил потврди дека е позитивен на корона вирус и дека се наоѓа на домашно лекување.

„Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и верниците и граѓаните, решив да направам тест за ковид-19 кој се покажа како позитивен. Моментално се е во ред, без проблематични симптоми“, напиша реисот Шаќири.

Заедно со информацијата дека реисот е позитивен на ковид-19, до исламските верници во земјава стигна и препораката од ИВЗ како да го одбележат утрешниот празник и да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот. Меѓу другото, им се препорачува телефонски или на фејсбук да си го честитаат меѓусебно празникот и да не одат на гости, а во џамија молитвата да трае од 15 до 20 минути.

Скопскиот муфтија Кенан Исмаили на прес-конференција изјави дека, земајќи предвид дека оваа година освен светската пандемија, се соочуваме и со болеста син јазик кај животните, верниците треба да внимаваат со купување и колење на курбани во своите домови, тоа да го направат или преку ИВЗ, или преку надлежните, со соодветни санитарни стандарди.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје постави специјални садови за одлагање на органскиот отпад од колењето на курбанот, со цел да се спречи неконтролираното одлагање на овој вид отпад на јавни површини што може да доведе до низа штетни последици врз животната околина и јавното здравје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Доналд Туск: Во ризик сме од војна, Европа не е подготвена

Полскиот премиер Доналд Туск изјави оти смета дека постои огромен ризик од војна и оти никој во Европа нема да се чувствува безбедно доколку Русија победи во Украина, пренесува...