Развојната банка ја повлече првата половина од 50,9 милиони евра за кредити за домашните компании

-

Петтата транша од кредитната линија ЕИБ фаза 5, која ја користи Развојната банка на РСМ, е во износ од 25,6 милиони евра, а е одобрена за 105 различни проекти на домашни компании, информираат од банката.

Пласманот на средствата од оваа транша се одвива преку шест комерцијални банки, со кои Развојна банка има склучено договор за оваа кредитна линија. Овие 105 проекти треба да поддржат вработување на 145 лица.

„Најголем дел од овие средства, 40 проценти или 10,2 милиони евра се одобрени за проекти во секторот производство. Дваесет и два отсто од средствата или 5,7 милиони евра се одобрени за секторот трговија, додека 16 проценти или 4 милиони евра се одобрени за проекти во секторот угостителство. За секторот транспорт се одобрени средства во износ од 2,1 милиони евра или осум проценти, додека за секторот здравство и секторот услуги се одобрени средства од 0,6 милиони евра. За други сектори се одобрени вкупно 2,3 милиони евра или 9 проценти,“ се вели во соопштението на Развојната банка.

Во текот на месец август ќе бидат повлечени од Европската инвестициска банка и остатокот од расположливите средства во износ од околу 25,3 милиони евра, во една или повеќе транши.

Досега, од кредитната линија ЕИБ фаза 5 која изнесува 100 милиони евра се повлечени пет транши во вкупен износ од 74,7 милиони евра, со кои се поддржани 251 проект на домашни компании со кои се вработуваат 629 лица.

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Македонските граѓани веруваат во науката и технологијата, но и во митови и теории за заговор

Новото истражување на Евробарометар открива дека 72 отсто од македонските граѓани веруваат дека вирусите се вештачки создадени во лаборатории за контрола на населението – драстично повисока стапка од просекот на ЕУ....

Контраспин: Мицкоски ги брани македонскиот народ и идентитет кои никој не ги тероризира

Изјавата на Мицкоски за наводно тероризирање на македонскиот идентитет и народ во изминативе седум години претставува спин т.е. извртување на вистината, бидејќи токму во тој период, со постигнување на Преспанскиот договор,...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од...