fbpx

Јавниот долг во второто тримесечје порасна на 59,5 отсто како резултат на ковид-19 кризата

-

Заклучно со вториот квартал од 2020 година, јавниот долг изнесува 59,5 отсто, додека државниот долг се искачи на 50,7 отсто, информираат од Министерството за финансии. Покачувањето на јавниот и државниот долг во второто тримесечје се должат првенствено на повлекувањата на средства преку еврообврзницата и заемот од Меѓународниот монетарен фонд, со цел обезбедување на ликвидност во време на ковид-19 кризата, обезбедување на средства за реализација на антикризните мерки и непречено извршување на буџетот и покрај кризата, односно покривање на зголемениот дефицит поради падот на приходите како резултат на КОВИД кризата.

Jавниот долг, кој ги вклучува државниот, гарантираниот и негарантираниот долг заклучно второто тримесечје од 2020 изнесува 59,5 отсто од БДП, што споредено со претходното тримесечје претставува зголемување за 8,8 процентни поени.

Државниот долг заклучно второто тримесечје е 50,7 отсто од БДП, што споредено со претходното тримесечје повеќе за 8,9 процентни поени.

Од министерството посочуваат дека на промените на јавниот и на државниот долг влијае повлекувањето на средства од склучени кредитни аранжмани со странски кредитори за вториот квартал од 2020 година во износ од 928,7 милиони евра, од кои 909,4 милиони евра за кредити на општа влада – 700 милиони евра за издадената еврообврзница и 176,5 милиони евра од кредит од ММФ за проектот за финансиска поддршка од инструментот за брзо финансирање за време на вонредна состојба, како и 19,3 милиони евра за заеми на јавните претпријатија. Исто така, има и повлекување по основ на државни хартии од вредност во износ од 127,7 милиони евра.

„Во овој период освен повлекувања, имаше и отплати кои влијаеа на висината на јавниот и на државниот долг, како отплатата на рата за обврзница за денационализација која доспеа на 01.06.2020 година во износ од 7,98 милиони евра и отплата на обврски по основ на главнина од претходно земени заеми надворешен долг за вториот квартал од 2020 година изнесува 60,4 милиони евра, од кои отплата на главнина на општа влада во износ од 38,01 милиони евра и отплата на долг на јавни претпријатија во износ од 22,39 милиони евра“, информираат од Министерството за финансии.

Проекциите за до крајот на годината се дека јавниот долг ќе се задржи на 59,6 отсто од БДП, додека државниот долг ќе се намали на 49,6 отсто од БДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...