fbpx
Таг: корона вирус

таг: корона вирус

Еден од тројцата Македонци на бродот во Јокохама заразен со корона вирусот

Еден од тројца Македонци што се наоѓаат во карантин на бродот "Diamond Princess" закотвен во јапонскиот град Јокохама е заразен со новиот корона вирус (COVID-19), соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР). По потврдувањето на овој случај, Македонецот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската амбасада во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин. „Амбасадата на дневна основа...

Во Кина досега 1.016 починати од корона вирусот

Последниот биланс од епидемијата на корона вирусот во Кина е 1.016 починати и 42.638 заразени лица, јавуваат светските медиуми. Покрај во Кина, потврдени случаи на корона вирусот досега има во Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Малезија, Виетнам, Австралија, САД, Германија, Русија, Франција, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Канада. Воедно, првите случаи на корона вирусот веќе се потврдени и...

Корона – теории од пензиониран епидемиолог се шират во српски и босански медиуми

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Корона вирусот не се пренесува преку пратки на „Али експрес“

Насловот на текстот „KOРОНАВИРУСОТ „КОСИ“: Дали Македонците се плашат да нарачуваат од Али експрес?“ се обидува да ги доведе во корелација ширењето на корона вирусот и пратките на „Али експрес“, но едно со друго не оди. Ширењето на корона вирусот не се пренесува преку пратка на човек, туку од човек на човек, потврдува и Светската здравствена организација. Според изјавата од...

Дезинформации во Грција за средство за дезинфекција кое однапред “знаело“ за корона вирусот

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

Филипче: Исполнуваме сѐ што бара СЗО од нас, комплетно сме подготвени за корона вирусот

Државите секојдневно добиваат серија препораки од Светската здравствена организација (СЗО) за тоа како да се справат и борат против корона вирусот, откако неодамна беше прогласена вонредна состојба од меѓународен карактер. Во меѓувреме, СЗО на здравствените власти ширум светот им испрати документ во вид на прашалник кој тие треба да го пополнат, а се однесува на подготвеноста на здравствените системи да...

Во Кина од корона вирусот починале 2,1 отсто од заразените, најмногу лица над 60 години

Националната здравствена комисија на Кина денеска соопшти дека стапката на смртност во земјата од новиот корона вирус е само 2,1 отсто, пренесува весникот „Гардијан“. Дури 80 отсто од починатите лица имале над 60 години. Во кинеската провинција Хубеи, каде се регистрирани 97 отсто од сите смртни случаи на лицата заразени од корона вирусот, стапката на смртност изнесува 3 отсто...

Сензационалистичко ширење паника за коронавирусот

Текстот „Медицинска сестра од Вухан: Не излегувајте, не одете по забави, не јадете надвор, со коронавирусот се заразени 90.000, а не 2.700“ претставува ширење паника во јавноста, и е штетен сензационализам оти само пренесува непроверени материјали, пишува „КриТинк“. Објавувајќи го овој текст, медиумот непотребно шири паника, не ја проверил вистинитоста на тврдењето, туку само изнел поединечно мислење, создавајќи штетен сензационализам.Притоа...

Министерство за здравство со препорки за заштита од коронавирусот

Министерството за здравство информира дека редовно се следи состојбата со корона вирусот во државата и дека се преземени сите мерки на заштита и превенција. „Досега во државата не се забележани сомнителни случаи на корона вирусот, па дури и во препораките за патување издадени од повеќе земји, Македонија е ставена во рамки на земјите со вообичаена доза на претпазливост при патување....

МНР: Нема наши државјани заболени од корона вирусот

Согласно информациите добиени од нашето дипломатско-конзуларно претставништво ДКП во НР Кина, Министерството за надворешни работи информира дека до овој не е пријавен ниту еден случај на наш државјанин заболен со корона вирусот. „Исто така нема пријавени наши државјани кои се наоѓаат во пошироката зона со рестриктивни мерки за движење накои им е потребна помош. Министерството за надворешни работи исто така...

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...