fbpx
Таг: корона вирус

таг: корона вирус

ЈСП почнува вонредна дезинфекција на автобусите и жичницата

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“, соопшти дека денеска почнува со дополнителна (вонредна) дезинфекција на автобусите и минибусите во јавниот превоз, како и на кабините на жичницата на Водно. „Секој автобус по завршување на смената и утврдената рута, ќе биде дезинфициран со соодветно средство на база на алкохол и Дезинтал 10%, односно со распрскување ќе се третира внатрешноста на автобусот, а рачно...

Шилегов: Средношколските екскурзии за Италија се одложени на неодредено време

Градот Скопје во рамките на своите надлежности ги презема сите неопходни мерки за да се спречи ширење на вирусот Ковид 19, рече на денешната прес-конференција градоначалникот Петре Шилегов. Согласно со задолженијата добиени од владата, сите училишта своите планирани патувања и екскурзии во Република Италија ќе ги откажат или одложат на неопределено време. - За сите други патувања и екскурзии да...

Министерство за здравство: Пациентката сомнителна за новиот корона вирус не е заразена

Министерството за здравство соопшти дека резултатите на уште една пациентка за која претпладнево постоеше сомнеж за корона вирус, се негативни на вирусот, односно иако првичните испитувања дале сомнеж за заразеност, тоа не е така. Оваа пациентка е една од двата случаи кои се тестираа на Инфективната клиника во Скопје денеска, а и двата резултати се негативни на вирусот. Во моментов, пациентката...

Граѓаните што допатувале од регионите со корона вирусот, да се јават во центрите за јавно здравје

Владата апелира сите граѓани што допатувале од регионите со официјална епидемија со корона вирусот задолжително да се јават на контакт телефоните на центрите за јавно здравје. „Владата ги известува сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните 2 недели патувале или живеат...

Советот за етика во медиумите повикува за одговорно известување околу корона вирусот

Во врска со појавата на случај на корона вирус во државата, Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) повикува медиумите да се однесуваат професионално и етички и да не придонесуваат во ширењето невистини и создавањето паника кај јавноста. „Информирањето во вакви случаи, според Кодексот на новинарите (член 8), мора да биде ослободено од сензационализми. Медиумите треба да дејствуваат на...

Прв случај на корона вирус во земјава, властите тврдат дека се подготвени и дека нема место за паника

Педесетгодишна скопјанка е првиот регистриран случај на заболен пациент со корона вирус во земјава, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој уверува дека нема простор за паника кај населението. Заболената еден месец престојувала во Италија. - Пациентката е сместена на Клиниката за инфективни болести во Скопје, во оддел за изолација, се третира соодветно на нејзината состојба. Епидемиолошките анализи укажале на...

Клиничката болница – Штип апелира да престане ширењето на лажни вести

Најавата од Министерството за здравство дека штипската Клиничка болница ќе стане изолациски центар наиде на осуда кај дел од граѓаните во Штип, додека опозициската ВМРО - ДПМНЕ обвини дека власта, со ова, го загрозува здравјето на граѓаните. - Во град со 50.000 жители, каде секојдневно доаѓаат и заминуваат работници и ученици, во срцето на административниот центар на Источна Македонија, се предвидува карантин...

Руско-српски дезинформации за „руски спасители со лек за корона вирусот“

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу бргу ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борбата против дезинформациите во регионот, односно од Хрватска на север, до...

За уште еден сомнителен пациент потврдено дека нема корона вирус

Уште една пациентка која вчера вечер на Инфективната клиника во Скопје како сомнителен случај била тестирана за корона вирус е со негативен резултат, односно го нема корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Претходно вчера беше тестиран еден патник кој пристигнал од Дубаи пред шест дена, а завчера вечерта беше тестиран сомнителен случај на патник кој допатувал од Милано. И патничката...

Филипче ќе купува сапуни за училиштата, градинките и за јавните тоалети

Министерството за здравство треба итно да набави соодветно количество сапун и дезинфекциски средства за училиштата, детските градинки и за јавните тоалети. Ова е еден од денешните заклучоци на Владата, донесен врз основа на препораките на кризниот штаб за справување со корона вирусот на Министерството за здравство. Ова следува откако овој вирус почна да се шири во Европа, вклучително и на...

Филипче: Патникот од Дубаи нема корона вирус

Патникот кој пристигнал од Дубаи пред шест дена и е хоспитализиран на Инфективната клиника со симптоми на грип, нема корона вирус, туку грип од типот Б, соопшти на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. Пациентот допатувал пред неколку дена по шестдневен престој во Дубаи и имал симптоми слични на грип. Направени се потребните тестови и со ова лице цело време...

Во Хрватска потврден прв случај со корона вирус

Во Хрватска е потврден првиот случај на лице заразено со новиот корона вирус, а станува збор за помлад човек чија што состојба е стабилна. Според хрватски власти, станува збор за лице кое се вратило од Милано. „Влегуваме во фаза што е на нешто поголема подготвеност од досега. Тоа е болест слична на грипот. Не се очекува поголема смртност или поголеми компликации....

Од Инфективното одделение во Штип чекаат известување дека станува изолациски центар

Инфективното одделение на Клиничката болница во Штип е предвидено да стане еден од четирите изолациски центри во државата, каде што би се сместиле сомнителни случаи и пациенти заразени со корона вирусот. Ова синоќа по завршувањето на состанокот во Центарот за управување со кризи го соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Оваа одлука до штипската Клиничка болница сѐ уште не е...

Филипче повика да не се шират лажни вести за заболени од корона вирус во државава

Министерот за здравство, Венко Филипче, на неговиот твитер-профил повика да не се шират лажни вести за присуство на корона вирус во државата. „На социјалните мрежи почнала да се шири лажна вест за идентификуван заболен од корона вирус во Скопје. Остро ја демантираме таа вест, во државава нема ниту еден случај на заболен од корона вирус. Бидете одговорни и не ширете...

Пациентот што на Инфективна клиника беше тестиран, нема корона вирус

Министерство за здравство информира дека резултатите се негативни на корона вирус, на пациентот кој синоќа беше тестиран на Инфективната клиника во Скопје . „Будно ја следиме состојбата и во континуитет постапуваме по препораките на Светската здравствена организација, а од денеска Министерството за здравство го подигна степенот на подготвеност на највисоко ниво. Се формира Кризен штаб во рамките на Министерството, а...

Србија забрани екскурзии во Италија, Адеми чека насоки од здравствените власти

Zdravstvo Filipce
Министерството за просвета, наука и технолошки развој во Србија денеска им наложи на сите училишта за средно образование д ги одложат студиските патувања и екскурзиите во Италија заради епидемијата на корона вирусот. Во меѓувреме, нашето Министерство за образование и наука (МОН) чека на насоките од Комисијата за заразни болести. Во Италија инаку досега петмина починаа од овој вирус, а 219...

За превенција од корона вирусот, од денес засилени контроли на сите гранични премини и аеродроми во земјава

Заради новонастанатата состојба со корона вирусот во италијанските области Ломбардија, Венето и Емилија-Ромања, утрово министерот за здравство Венко Филипче одржа состанок со Комисијата за заразни болести, на која се констатираше дека се подигнува на повисоко ниво степенот на подготвеност за превензија од и справување со евентуални заболени од корона вирусот. Новите мерки ќе бидат дополнително координирани на денешниот состанок со...

МНР: Нема информација за наши граѓани во Италија кои се заболени од корона вирус

Министерството за надворешни работи согласно информациите добиени од Генералниот конзулат во Венеција - Италија, информира дека до овој момент нема информација за наши граѓани кои се заболени од коронавирусот. „Според последните информации, потврдени се 159 случаи на заразени лица со коронавирус. Министерството за надворешни работи преку Амбасадата во Рим и Генералниот конзулат во Венеција, редовно ја следи состојбата на македонските...

Украинци нападнаа автобуси со сонародници евакуирани од Кина

Украинци евакуирани од кинескиот град Вухан вчеравечер биле „пречекани“ од револтирани жители со дожд од камења во градот Нови Санжари, во регионот Полтава во централна Украина, јавија светските новински агенции. Вкупно 45 Украинци и 27 странски државјани претходно вчера биле евакуирани со авион од кинескиот град Вухан, центарот на епидемијата на новиот корона вирус, и биле првин пренесени во украинскиот...

Mакедонскиот државјанин со коронавирусот е во добра здравствена состојба

Министерство за здравство информира дека заболениот македонски државјанин со коронавирусот на бродот во Јокохама, Јапонија е во добра здравствена состојба. „Се работи за блага форма на заболување, меѓутоа со оглед на рутинските процедури, овој наш граѓанин е транспортиран во болница на лекување“, потенцираше лекарката Гордана Кузмановска. Кузмановска додаде дека Македонија постапува согласно насоките од Светската здравствена организација и целосно сме подготвени...

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...