fbpx

Во Кина досега 1.016 починати од корона вирусот

-

Последниот биланс од епидемијата на корона вирусот во Кина е 1.016 починати и 42.638 заразени лица, јавуваат светските медиуми. Покрај во Кина, потврдени случаи на корона вирусот досега има во Сингапур, Тајланд, Јужна Кореја, Јапонија, Малезија, Виетнам, Австралија, САД, Германија, Русија, Франција, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Канада. Воедно, првите случаи на корона вирусот веќе се потврдени и во Финска, Шведска, Белгија, Непал и Шри Ланка, јавува „Гардијан“.

Во меѓувреме, кинеските државни власти се одлучија да сменат неколку високо позиционирани функционери поради неадекватното решавање на кризата со епидемијата на корона вирусот. Во провинцијата Хубеи, од каде што почна ширењето на корона вирусот, променети се раководителот и партискиот секретар на здравствената управа.

И покрај растечкиот број на случаи на заразени лица со корона вирусот, епидемиолозите испраќаат и смирувачки вести. Џонг Наншан, пулмологот што го открил САРС вирусот во 2003 година посочува дека актуелниот корона вирусот е многу позаразен во споредба со САРС-от. Сепак, тој посочува дека епидемијата својот врв може да го достигне до крајот на февруари, по што бројката на заразени случаи би можела да стагнира или опаѓа. Во некои од кинеските провинции веќе постојат докази дека состојбата со бројката на заразени лица се подобрува, посочил Наншан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...