fbpx

Еден од тројцата Македонци на бродот во Јокохама заразен со корона вирусот

-

Еден од тројца Македонци што се наоѓаат во карантин на бродот “Diamond Princess” закотвен во јапонскиот град Јокохама е заразен со новиот корона вирус (COVID-19), соопштија од Министерството за надворешни работи (МНР). По потврдувањето на овој случај, Македонецот е хоспитализиран во здравствена установа во Јапонија. Македонската амбасада во Токио е во комуникација со споменатиот македонски државјанин.

„Амбасадата на дневна основа комуницира и со останатите двајца македонски државјани кои сѐ уште се наоѓаат на бродот во Јапонија и кои изјавуваат дека се чувствуваат добро и досега не пројавиле симптоми кои може да укажуваат на присуство на корона вирусот“, велат од МНР.

Од македонското Министерство за здравство информираат дека јапонските надлежни органи вршат продолжуваат со спроведување на тестови за лицата што се наоѓаат на бродот што е ставен во карантин. При вршење на анализите, предност имаат лицата со симптоми кои укажуваат на присуство на вирусот, лица над 75 годишна возраст и лица со хронични заболувања.

Патниците на бродот “Diamond Princess” се наоѓаат во карантин од 4 февруари годинава. Станува збор за над 3.500 патници и членови на екипажот, на кои не им е дозволено да го напуштат бродот. Според последните информации што ги пренесува „Гардијан“, досега се потврдени 218 лица заразени со коронавирусот на овој брод. Јапонскиот министер за здравство потврдил дека четири од пациентите што се префрлени во болница се со тешки симптоми, но засега нема потврда дека меѓу нив е и македонскиот државјанин.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...