fbpx

Корона вирусот не се пренесува преку пратки на „Али експрес“

-

Насловот на текстот „KOРОНАВИРУСОТ „КОСИ“: Дали Македонците се плашат да нарачуваат од Али експрес?“ се обидува да ги доведе во корелација ширењето на корона вирусот и пратките на „Али експрес“, но едно со друго не оди. Ширењето на корона вирусот не се пренесува преку пратка на човек, туку од човек на човек, потврдува и Светската здравствена организација.

Според изјавата од Пошта која се пренесува во текстот, оваа институција нема добиено информација за понатамошно постапување заради коронавирусот, ниту од Министерство за здравство, ниту од Светскиот поштенски сојуз. А тоа е така поради фактот што корона вирусот не се пренесува преку пратките по пошта. Кај граѓаните, пак, исто така, постои свесност за тој факт. Оттука, не е јасно зошто прашањето во наслов, за страв од пратки од „Али експрес“, поради ширењето на корона вирусот?!

Во информативното и едукативното видео објавено од страна на Светската здравствена организација во однос на потеклото на вирусот, генезата, можните причинители за негово настанување, ризичните групи, превенцијата може да се види дека во однос на пренесувањето, коронавирусот се пренесува од човек на човек, како и најповеќето вируси.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...