fbpx

Под посебни протоколи, Охридско лето ќе започне со вечер посветена на Ана Липша Тофовиќ

-

Во знакот на основоположникот на Охридско лето, оперската примадона Ана Липша Тофовиќ, годинава со вечер посветена на нeјзиниот творечки опус ќе започне годинешново јубилејно 60-то издание на фестивалот Охридско лето.

На 4-ти август ќе блесне сцената на Античкиот театар со концертот на арии насловен како „Вокални бисери – по стапките на Ана Липша“,  во изведба на светски познатите солисти, Марија Јелиќ – сопран, Дарио Ди Виетри – тенор, Иван Томашев – бас и Аманда Стојовиќ – мецосопран во пијано придружба на Миливое Велиќ.

– Традицијата на гламурот на Свеченото отворање, најголемите ѕвезди да настапат на Античкиот театар ја продолжуваме и годинава. Овој грандиозен проект на Антички на 4-ти август, датум кога се слави и роденденот на Фестивалот, ќе биде во знакот на првенката на македонската Опера, Ана Липша Тофовиќ која во далечната 1961 година ја создаде магијата наречена Охридско лето – најави директорката на Охридско лето Наташа Поповиќ на денешната прес конференција.

Поповиќ истакна дека фестивалот знае да ги препознае и вреднува заслугите на сите кои оставиле свој белег на фестивалската сцена и се заслужни за успесите на Фестивалот.

На отворените сцени, Антички театар, Долни Сарај, Предворје Св. Софија, како и  Црквата Св. Софија од 4-ти до 30 август ќе настапат околу 300 уметници од 19 земји, Србија, Италија, Хрватска, Велика Британија, Турција, Франција, Русија, Грција, Германија, САД, Босна и Херцеговина, Полска, Словенија, Косово, Чешка, Албанија и голем број уметници од Република Северна Македонија.

Со квалитетна програма и настапи на врвни светски и домашни уметници, од 4-ти до 30-ти август ќе се слави 60-годишниот јубилеј на Охридско лето, најави музичкиот селектор на Охридско лето Даница Стојанова. Годинешнава јубилејна програма ќе содржи 26 концерти, од кои два се во офф-програмата.

– Програмата има прекрасна динамика, од самиот почеток до крајот претставува една голема музичка приказна која ќе го одбележи големиот јубилеј од 60 години на фестивалот и ќе ја прослави Уметноста преку различни музички композиции. Ќе чуеме  дела од најраниот барок, преку класиката, романтизмот, импресионизмот, до современите светски автори како и дела од македонското класично творештво – изјави Стојанова.

На фестивалската сцена ќе настапат врвни имиња од Русија, САД, Шпанија, Турција, Италија, Германија, Франција, а несекојдневен настан е концертот за четири клавири и оркестар кој ни доаѓа од Чешка, како и најистакнатите музички имиња од македонската сцена. Во видео пораката, драмскиот селектор Александар Поповски кажа дека Охридско лето во доба на корона звучи како наслов на некој роман.

– Овогодинешното издание на Охридско лето се посебни поради две работи. Едната е тоа што славиме 60-години јубилеј, еден многу убав настан а другата е тоа што Фестивалот се случува во едни посебни услови бидејќи времето во кое живееме е посебно. Одлуката сепак да се одржи оваа скратена верзија на фестивалот мислам дека е многу важна. Мораме да покажеме колку е важна уметноста, колку е важна културата. Едноставно е човек да се откаже, многу потешко е да се направи она што ние сега ќе го направиме. Самата драмска селекција преживеа различити промени во однос на тоа како се менуваше самата ситуација – рече во видео обраќањето Поповски.

Тој објасни дека следејќи ги протоколите годинешните претстави ќе бидат со што помалку актери без нивен контакт на сцена.

Реализацијата на фестивалските вечери ќе биде строго по утврдените протоколи и мерки дадени од Комисијата за заразни болести и насоките на Министерството за култура.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...