fbpx

Македонците нема да може да патуваат во ЕУ до септември

-

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ одлучија на жителите од земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Северна Македонија, да не им дозволат влез во Европската Унија до септември. „Ројтерс“ јавува дека амбасадорите одлучиле да ја намалат листата на безбедни земји во кои се дозволуваат несуштински патувања на вкупно 11. На листата на безбедни земји во кои ковид-19 се смета дека е под контрола се Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тунис и Уругвај.

Кина е исто така одобрена како безбедна дестинација за граѓаните на ЕУ, но само доколку кинеските власти донесат идентична одлука за влез на државјаните на ЕУ на кинеска територија. Од друга страна, Алжир со најновата одлука на амбасадорите е исклучен од листата на безбедни земји.

„Танјуг“ јавува дека списоците нема да се ревидираат во текот на август, поради фактот што европските институции овој месец се на одмор, но се остава простор и тогаш да се забрани влез на жители од одредени земји, ако се појави нагло зголемување на бројот на заболени од ковид-19.

Како и досега, на жителите од земјите на Западен Балкан им е забранет влез во земјите-членки на ЕУ поради високиот број на заболени од ковид-19, кој во изминатиов период властите не успеаја да го намалат. Оценката на амбасадорите е дека епидемилошката состојба во земјите од Западен Балкан е доволно лоша, поради што само се потврди претходната одлука.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...