fbpx

Угостителите бараат протоколи за организирање на прослави и настани

-

Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија денеска одржа состанок со Комисијата за заразни болести, на која угостителите повторно ја искажаа неопходноста од креирање и донесување соодветни протоколи кои би се почитувале за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти. Континуирано на состаноците на ТУК со Комисијата за заразни болести, се укажува дека дел од капацитетите во оваа дејност веќе половина година воопшто не работат, поради неизготвување на протоколи, со што се става под знак прашање егзистенцијата на нивните вработени.

Туристичко-угостителската комора уште на почеток на месец јули изготвила предлог протоколи за работа според кои се предвидува работа во контролирани услови и иако во Комисијата беа оценети како прифатливи, сè уште не се донесени. Угостителите велат дека безбедносниот аспект мора да биде максимално запазен согласно протоколите за работа, во спротивно како и досега ќе се соочуваме со приватно во сопствена режија организирање на прослави без соодветни безбедносни протоколи.

„Очекуваме Комисијата за заразни болести да донесе препораки за отворање, затоа што состојбите поради недостатокот на протоколи може да излезе вон контрола. Состојбата на сите економски оператори кои директно и индиректно согласно природата на својата дејност се поврзани со угостителските објекти како музичките уметници, фотографи, претпријатија за декорација, накит и голем број други, е крајно тешка и неизвесна“, изјави Мартин Ангеловскипотпретседател на Туристичко-угостителската комора.

Тој додаде дека претпријатијата од оваа дејност се адаптираа на новите услови, сите тие се придржуваат на новиот начин на работа, неопходен во услови на моменталната состојба.

„Во исто време и доколку како и во останатите дејности се донесат протоколи за заштита од ширење на пандемијата, истите ќе се почитуваат во целост и ќе се превенира неконтролирано организирање прослави во домашни услови и приватна режија,“ додаде Ангеловски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...