вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: угостители | 21 резултати

ЗНМ и СЕММ: Потребна е поголема одговорност од медиумите при објава на сатирични содржини

март 19, 2021

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) реагираат на објавите со измислените изјави поврзани со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко со оценка дека на овој начин јавноста може да се доведе во заблуда и да се шират дезинформации. „Иако станува збор за содржина од сатиричен карактер, медиумите […]

Владата донесе одлука за скратено работно време на угостителските објекти до 21 часот

ноември 3, 2020

Владата на денешната седница донесе одлука за нови мерки за спречување на ширењето на корона вирусот, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Се скратува работното време на угостителските објекти до 21 часот, освен за достава и шалтерска продажба на храна. Оваа одлука важи и за угостителските објекти на бензинските станици, а исклучени се угостителските […]

Владата и угостителите ќе бараат заедничко решение за засегнатите во дејноста прослави и свадби

октомври 10, 2020

Владата одржа состанок со претставници на рестораните за свадби и прослави, на ноќните клубови и на дел од музичарите од естрадата, информираше премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил. „Дијалогот е започнат, заедничка цел е да се спречи какво било зголемување на ризикот по здравјето на граѓаните во услови на зголемување на бројот на заболени, а […]

Епидемиолозите предупредуваат: Секој протест е ризик за ширење на ковид-19

октомври 7, 2020

Пред Владата протестираа угостителите и музичарите затоа што не им се допаѓаат мерките против ковид-19, претходно во Тетово и Куманово против онлајн наставата протестираа средношколците, а вчера протест против поскапувањето на струјата организираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ. На денот кога е забележан рекорден број на 317 новозаразени со ковид-19, од кои 182 во Скопје, епидемиолозите потсетуваат дека […]

Владата ќе го помогне туристичко-угостителскиот сектор и со четвртиот пакет економски мерки

септември 2, 2020

Поддршката за туристичко-угостителскиот сектор ќе продолжи и во наредниот период преку четвртиот пакет мерки кој е во фаза на подготовка, истакна денеска министерот за економија Крешник Бектеши на средбата со претставници од Здружението за туризам и угостителство при Стопанската комора на Македонија. Мерките, како што додаде Бектеши, ќе се носат со целосна вклученост и консултација […]

Угостителите бараат протоколи за организирање на прослави и настани

јули 30, 2020

Туристичко-угостителската комора (ТУК) при Сојузот на стопански комори на Македонија денеска одржа состанок со Комисијата за заразни болести, на која угостителите повторно ја искажаа неопходноста од креирање и донесување соодветни протоколи кои би се почитувале за контролирано одржување на прослави и настани во угостителските објекти. Континуирано на состаноците на ТУК со Комисијата за заразни болести, […]

Угостители, туристички работници и транспортери бараат продолжување на помошта

јули 20, 2020

Вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска и владин економски тим се сретнаа со претставници од угостителската и туристичката дејност и лица од компании кои се занимаваат со превоз на патници, информираат од Владата. „На работната средба беше истакнато дека овие неколку сектори трпат најголеми штети од пандемијата предизвикана од коронавирусот Ковид-19, но со навремено креирање […]

Кривични пријави за вкупно 22 угостители во туристичките места, не ги почитувале протоколите и примале гости

јуни 7, 2020

Раководителката на Инспекциски надзор, Мери Проја Продановска, денеска во Охрид ги соопшти наодите на инспекциските служби при зајакнатите контроли на угостителските и сместувачките капацитети за време на продолжениот викенд во Охрид, Струга, но и во останатите туристички меса низ државата. „Државниот пазарен испекторат во моментот е со засилен надзор на правни субјекти на Охридското крајбрежје, […]

26 кривични и 41 прекршочна пријава за угостителите што не ги почитуваат протоколите за работа

јуни 2, 2020

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски на денешната прес-конференција соопшти дека од повторното отворање на угостителските објекти на 28 мај до денес, изречени се 856 опомени во врска со спроведување на протоколите за работа кај кафулињата и рестораните. – За викендот и вчерашниот ден, Државниот пазарен инспекторат поднесе 21 кривична пријава и уште 5 […]

Бектеши: Не е точно дека угостителите не сакаат помош, има голем интерес за кредити

април 8, 2020

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес- конференција ги демантираше информациите од туристичко – угостителската комора, при Сојузот на стопански комори, ССЈ, што беа презентирани вчера дека угостителите не сакаат да ги користат мерките за поддршка, затоа што се недоволни и селективни, дека ќе го зголемат задолжувањето и нема да им олеснат во надминување на […]

Во угостителството „висат“ 29.000 работни места, се бараат итни мерки од Владата

март 25, 2020

Малите и средните претпријатија кои имаат до 50 вработени, семејните компании и претприемачите се најпогодени со новата состојба предизвикана од Ковид-19. Субјектите чија главна дејност е угостителството, ставија клуч на врата, по уредбата на Владата за нивно затворање, а поради опасноста од ширење на вирусната инфекција. „Здравјето на граѓаните е најважно, но не смее да […]

Сезонските вработувања во странство се „главоболка“ за домашниот бизнис (инфографик)

септември 2, 2019

Хотелиерскиот и угостителскиот сектор, транспорт и другите услужни дејности, градежништвото – ова се дел од секторите кои нудат најголем број на слободни работни места. Имајќи предвид дека официјалните статистики регистрираат зголемување на вработеноста, а намалување на неврабтеноста во текот на оваа економска година, познавачите коментираат дека на пазарот на труд се случува поврзување на понудата […]

Почна изградбата на спорната сообраќајница на Кеј 13 Ноември во Скопје

март 18, 2017

Почна изградбата на спорната сообраќајница, која ќе го пресече шеталиштето на Кеј 13 Ноември, во центарот на Скопје. Како што пренесува „СДК“, утрово градежни работници почнале да ги вадат плочките од шеталиштето, а поставена е и заштитна ограда. Сопствениците на околните угостителски објекти, како што пренесува порталот, изненадени од тоа што за време на викенд […]

Девизниот ефект и бројот на ноќевања се намалуваат и покрај зголемениот број на туристи

февруари 15, 2016

Наспроти зголемувањето на бројот на странски и на домашни туристи, во првите девет месеци од 2015 година се забележува пад на девизниот ефект за 25 проценти, во однос на истиот период во 2014 година. – Откако се почна со субвенционирање на странските тур-оператори од 2010 до 2014 година, имавме постојан пораст на девизните ефекти од туристите, што не […]

Угостителите бараат намалување на ДДВ на храната од 18 на 5 проценти

јуни 29, 2015

Намалување на ДДВ на храната од 18 на 5 проценти ќе побара Здружението на угостителство и туризам при Стопанската комора од Министерството за економија. Во моментов, ДДВ што го плаќаат угостителите на храната што се служи во рестораните како влезна суровина, се оданочува со 5 проценти, а на крајот вкупната услуга, во која влегува и […]

Трајановски: Кафулињата во Скопје ќе работат по старо

април 27, 2015

На угостителските објекти нема да им се скрати работното време и ќе работат како и досега, до 24 часот, потврди градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски. – Би сакал да го демнатирам тврдењето дека на кафанџиите ќе им биде скратен еден час од работното време. Тоа не е точно. Кафулињата и кафеаните ќе останат со […]

Угостителите бараат ДДВ за храната да се намали на 5 проценти

април 20, 2015

Намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти за храната во хотелите и во рестораните, стимулации во угостителството и во хотелиерството, иницираа претставниците на Здружението на угостителството и на туризмот при Стопанската комора на Македонија. – Угостителите бараат начинот на кој се пресметува ДДВ на храната да претрпи корекции. Влезните елементи сега се пресметуваат со 5 отсто […]

Страна 1 од 1