fbpx

Во јуни индустриското производство опаднало за 15,1 отсто

-

Индустриското производство падна во минус како последица на корона кризата која негативно се одразува врз сите сектори. Во јуни годинава падот на индустријата, како што соопшти денеска Државниот завод за статистика (ДЗС) изнесува 15,1 отсто, во однос на јуни 2019 година, или индексот на индустриското производство во јуни 2020 година, во однос на јуни 2019 година, изнесува 84,9.

Пандемијата на корона вирусот во земјава доведе до четиримесечен пад на индустриското производство годинава од 14,6 отсто, односно индексот на индустриското производство во јануари ‒ јуни 2020 година, во однос на истиот период 2019 година, изнесува 85,4.

Гледано по сектори, производство во Рударство и вадење на камен, во јуни 2020, во однос на јуни 2019 година, бележи опаѓање од 12,5 отсто, во Преработувачка индустрија падот е 14,6 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација 22 отсто.

„Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: производство на тутунски производи, на текстил, на облека, на други неметални минерални производи, на метали, на фабрикувани метални производи, на електрична опрема и друго“, соопшти ДЗС.

Според главните индустриски групи, производството во јуни годинава, во однос на истиот месец лани, бележи опаѓање кај Енергијата за 24 отсто, Интермедијарните производи за 10,7 отсто, Капиталните производи за 22,5 отсто, Трајните производи за широка потрошувачка за 41,5 отсто и кај Нетрајните производи за широка потрошувачка за 8,2 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...