fbpx

Апарати за брзи тестови ќе се постават во 16 монтажни ковид центри низ државата

-

Машини – апарати за тестирање, кои за неколку часови ќе можат да дадат резултати за присуство на корона вирусот, ќе бидат инсталирани во монтажните болници, 16 на број, кои Министерството за здравство ги подготвува за во септември, кога се очекува втор бран на епидемијата.

Ова денеска во Штип го најави државниот секретар во Министерството за здравство, д-р Владимир Милошев, кој присуствуваше на седницата на Општинскиот кризен штаб. Штип ќе биде еден од 16-те градови во државата, каде се планира поставување на монтажни бараки, кои ќе бидат приклучени на Клиничката болница, веднаш до Детското одделение.

„Наместо да се испраќаат брисеви до Скопје, овде, брзите тестови во рок од неколку часа ќе дадат резултати. Во подготовка сме за ова и се надевам ќе бидеме спремни за новиот бран. Но, сè ќе зависи од почитувањето на мерките од граѓаните“, изјави д-р Милошев.

Министерството и Општинскиот кризен штаб се во комуникација со менаџерите на компаниите каде има заболени од ковид–19. Милошев рече дека нема оправданост за воведување на карантин во Штип, бидејќи, нема широка трансмисија на вирусот, туку е ограничен на текстилните компании и контактите на заболените.

За прв пат денеска беше потврдено дека освен во текстилните компании, заболени има и во една институција, без да соопштат за која станува збор.

Денеска има 13 новозаболени во Штип, 395 се активни случаи, додека 697 се во изолација. Во Клиничката болница се лекуваат 43 пациенти, од кои 33 се од Штип. Почина еден пацинет.

Во помош на штипската болница доаѓаат инфектолог од Струмица и двајца интернисти од Скопје. Епидемиологот од Кочани помага во Центарот за јавно здравје во Штип.

Градоначалникот Благој Бочварски им препорача на компаниите со заболени со ковид-19 да го искористат годишниот одмор. На крај, сепак, одлуката е на компанијата, а меѓу препораките е и функционирање на ковид координатор во компаниите. За граѓаните се препорачува избегнување на поголеми собири и почитување на мерките за заштита, а заразените граѓани да ги почитуваат мерките за изолација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...