fbpx

ИЈЗ регистрира повеќе оздравени од ковид-19, помалку новозаразени и починати лица

-

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), во периодот од 20 до 26 јули регистрира намалување на бројот на новозаболени и починати лица, а зголемување на бројот на оздравени лица во однос на претходната недела. Она што се забележува е дека во однос на старосната структура, поголем број на заболени е регистриран кај лицата помеѓу 40 и 49 години.

„Во дадениот период направени се вкупно 9.563 тестирања (1.402 повеќе од периодот 13-19 јули) и регистрирани се 956 позитивни случаи на ковид-19 што е за 82 случаи помалку од претходната недела. Во периодот на известување 10 отсто од тестираните се позитивни. Новозаболени се регистрирани во 29 града при што најголем процент на новозаболени има во Скопје (37,3 отсто – благо намалување во однос на претходната недела) и во Штип (16,1 отсто благо зголемување во однос на претходната недела). Во 17 града во земјата, за истиот период, бројот на новопотврдени случаи е под 20“, соопштуваат од Министерството за здравство.

Во однос на старосната структура на новозаболените, во овој период најголем процент се лица помеѓу 50 и 59 години (22,3 отсто), а поголем број на заболени се регистрира и кај лицата помеѓу 40 и 49 и над 60 години – 19,6 отсто во двете групи. Најмал број на новозаболени има кај децата и тоа 0-9 години – 2,6 отсто, и од 10-19 години – 4,7 отсто од вкупниот број на новозаболени.

„Од случаите кои се епидемиолошки истражени, хоспитализирани се 127 лица или 14,2 отсто, а кај 279 лица или кај 31,3 отсто регистрирано е присуство на коморбидитети. Од вкупниот број на епидемиолошки истражените новозаболени 44,4 отсто имале контакт со потврден случај на ковид-19, а 21 лице (9 повеќе од претходната недела) имале историја за патување во странство во минатите 14 дена“, додаваат од Министерството за здравство.

Во периодот 20-26 јули регистрирани се 654 оздравени лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е за 109 лица или 20 отсто повеќе од претходната недела на известување (13-19 јули). Во периодот 20 до 26 јули, регистрирани се 32 смртни случаи, што е 12 смртни случаи помалку од претходниот период. Најголем дел од случаите се лица над 60 години, 84,4 отсто. 29 од случаите се починати во болнички услови, а три надвор од болнички услови. Кај 26 од смртните случаи (81,3 отсто) регистрирани се претходни коморбидитети.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...