fbpx

Новинарите и невладините под истрага: Не се откажуваме од демократска Србија

-

Повеќе од 140 потписи до вчера се собрани на петицијата на граѓански организации, медиуми и индивидуални лица во Србија, која беше објавена заедно со соопштение во врска со истрагата што против невладиниот сектор и медиумите ја спроведува Управата за перење пари на Србија, што и во домашната јавност и во меѓународни рамки беше оквалификувана како притисок и прогон на државата против критичките гласови, јави телевизијата Н1.

„Граѓанското општество и медиумите нема да се откажат од борбата за демократска и слободна Србија“, порачуваат потписниците.

Управата за спречување перење пари при српското министерство за финансии побара увид во сите банкарски трансакции од почетокот на 2019 година на новинари, невладини организации и здруженија, односно 20 физички лица и 37 организации и здруженија „за да се утврди дали организации и поединци од списокот имаат врска со финансирање тероризам или перење пари“. Меѓу телата за кои се врши истрага се и неколкуте новинарски здруженија.

Во објавеното соопштение на вебсајтот на „Граѓански иницијативи“ се вели дека „медиумите и граѓанските организации бараат од Министерството за финансии и Управата за спречување перење пари без одлагање да ги изнесат наводите за сомнеж поради кои наредија вонредно прибирање информации за организации, медиуми и поединци од страна на деловните банки“.

Речиси идентична акција имаше и во Македонија кон крајот на 2016 и во 2017 година.

Според членот на законот на кој се повикува Управата, вакви проверки се прават ислучиво за организации кои се под сомнеж за вмешаност во финансирање тероризам.

„Бидејќи на списокот се голем број организации и поединци што се занимаваат со истражувачко новинарство, заштита на човековите права, транспарентност, филмска продукција, развој на демократијата и владеењето на правото и добротворна работа, се наметнува заклучок дека во прашање е политичка злоупотреба на институциите и опасен обид за понатамошно подривање на владеењето на правото во Србија. Злоупотребата на законските механизми и институциите заради незаконски притисок врз медиумите и организациите на граѓанското општество претставува драстичен напад на слободата на здружување и слободата на информирање. Власта во Србија со години се соочува со сериозни критики од меѓународните и домашните организации во врска со загрозувањето на овие две важни слободи“, се вели во соопштението.

Во него, исто така се посочува дека ваквото постапување на државните тела е „напад на организации што се залагаат за изградба на Србија како правна држава, за почитување на законите и борба против корупцијата и дополнителен аргумент дека овие вредности во Србија се загрозени“.

Инаку, претходно на акцијата на Управата за спречување перење пари реагира и голем дел од опозицијата во Србија, како и бројни организации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...