fbpx

Завршени 50 отсто од експропријацијата на земјиштето на трасата на автопатот Скопје-Блаце

-

Поради состојбата со ковид-19, изградбата на првата фаза од автопатот Скопје-Блаце заглави на експропријацијата на 68 имоти низ кои треба да минува трасата. Од Јавното претпријатие за државни патишта за „Мета.мк“ информираат дека експропријацијата на земјиштето досега е реализирана во над 50 отсто од трасата.

– Поради состојбата со ковид-19, Министерството за финансии, односно Управата за имотно-правни работи Чаир, не закажуваат расправи со странки во врска со заостанатиот дел од предметите – велат од ЈП за државни патишта.

Во делот на изградбата на првата фаза од новиот автопат, во моментов сè уште течат подготвителни работи, и се врши расчистување на делови од трасата каде што е завршена експропријацијата на земјиштето. Тие дополнуваат дека подготвителните работи се многу важни за отпочнување на следната фаза на изградба на трасата долга 2 километри.

– Кога се работи за сериозна градба, прво градежната фирма си прави пункт, си прави свое градилиште и врши други подготовки за отпочннување на градба – велат од ЈП за државни патишта.

Инаку, рокот за завршување на изградбата на првата фаза од овој автопат е до наредното лето. Договорот за изградба со градежната компанија „Гранит“ беше потпишан во јануари годинава, со предвиден период на изведба од 18 месеци. Цената на изведба на првите два километра е 12,2 милиони евра, без ДДВ.

Стопанствениците кои го користат постојниот пат Скопје-Блаце во неколку наврати побараа забрзување на изградбата на автопатската делница и испочитување на зададените рокови за негово пуштање во употреба.

Покрај реализацијата на првата фаза, за автопатот Скопје-Блаце во моментов се работи и на изработка на проектната документација за втората фаза, која ја опфаќа изградбата на преостанатите 10,5 километри од клучката кај селото Блаце до скопската обиколница. Средствата за оваа делница веќе се обезбедени, но распишувањето на тендерот за избор на изведувач за втората фаза би следело наредната година. Крајниот рок за завршување на автопатот Скопје-Блаце е крајот на 2024 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...