fbpx

Чешка и Австрија воведуваат семафори за аларм за состојбата со ковид-19

-

По примерот на Белгија и на други европски држави, и Чешка и Австрија, се подготвуваат наскоро да воведат семафори кои во регионите ќе ја покажуваат состојбата со корона вирусот. Чешка тоа го планира на почетокот на август, а Австрија во септември.

Чешкиот министер за здравство Адам Војтех деновиве го претстави ковид-19 семафорот, каде со боите на семафорот се означени општините, според степенот од ризикот за зараза од корона вирус, при што меѓу портокаловите региони, со благ пораст на ризокот, спаѓа и Прага, а целата земја останува безбедно зелена, пренесува порталот „Данас“.

„Степенот на ризик се одредува според податоците од Институтот за информации и статистиката од здравството и го покажува потенцијалот и распространетоста на вирусот во локалните региони и во општините. На почетокот размислувавме да бидат опфатени цели региони, но бидејќи се големи, тоа не би било до крај објективно“, изјави Војтех.

Во моментов во Чешка има 3.525 активни пациенти од кои во болница се 149, излечени се 11.428, починати се 371 лица, а на 659.150 тестирања од почетокот на пандемијата во март, 15.324 биле позитивни.

Ковид семафорот во Чешка ќе почне со работа на 3 август и ќе има 4 степени според кои, конкретни мерки ќе презема санитарната инспекција. Семафорот ќе ги обновува податоците еднаш неделно.

Степенот О или сив, ќе значи најмал ризик, зелениот – појава на зараза на локално ниво, портокаловиот – појава на вирус од недефиниран извор, а црвениот дека се зголемува бројот на заразени и се шири ковид-19 во општината.

Министерот за здравство на Австрија, Рудолф Ансшобер, вчера во рамки на планот на земјата за спречување на вториот бран на корона вирусот, меѓу 17 точки на Акцискиот план како една од најважните го претстави воведувањето на корона семафорите кои со систематско следење на сите корона индикатори ќе ја покажуваат епидемиолошката состојба во земјата, пренесува „Вечерњи лист“.

Семафорот ќе има 4 бои, зелена – низок ризик, жолта- среден ризик, портокалова – висок ризик и црвена – многу висок ризик и акутна опасност од ковид-19. Базата на семафорот ќе содржи 4 индикатори и ќе го дава 7-дневниот број на заразени, болничките капацитети, анализите на кластери и бројот на позитивни тестови во однос на тестираните.

Семафорот ќе ја покажува епидемиолошката состојба и ризиците од зараза во сите австриски подрачја, вклучувајќи ги општините и станбените населби. За транспарентноста на податоците ќе биде надлежна стручна комисија од лекари. Семафорот ќе биде пуштен во пробна работа кон средината на август, а ќе се стави во употреба во септември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...