Ковид-19 му донесе загуби на светскиот туризам од 320 милијарди долари

-

Светската туристичка организација (UNWTO) ги објави загубите во туризмот настанати поради пандемијата на ковид-19. Во мај годинава тие изнесуваат 320 милијарди долари, при што е забележан пад од 300 милиони туристи. Тоа е за три пати повеќе од загубите во 2009 година, за време на светската економска криза.

Последното издание на Светскиот туристички барометар покажа дека ограничувањето на движењето, кое беше воведено како мерка во пандемијата, доведе до пад на бројот на туристите во мај за 98 отсто во споредба со истиот месец лани.

Генералниот секретар на UNWTO, Зураб Пололикашвили, вели дека најновите податоци покажуваат колку е важно што поскоро да се раздвижи туризмот на најсигурен можен начин, како и дека драматичните загуби во дејноста ги доведуваат во ризик работните места на милиони лица, вклучувајќи ги и тие од земјите во развој.

-Владите во сите региони во светот имаат двојна одговорност, да му дадат приоритет на јавното здравје, но и да ги заштитат работните места. Тие мораат и да го одржуваат духот на соработката и солидарноста што го дефинира нашиот одговор на овој заеднички предизвик. Потребна е воздржаност од носење на еднострани одлуки кои можат да ја поткопаат довербата на која толку многу работевме и напорно ја изградивме – изјави Пололикашвили.

Иако туризмот полека се враќа на некои дестинации во светот, Индексот на доверба на UNWTO е паднат на рекордно ниско ниво, како во однос на проценките за јануари- април 2020, така и за изгледите за периодот мај-август. Поголем дел од стручњаците на оваа организација очекуваат дека меѓународниот туризам ќе заздрави до втората половина од 2021 година.

Истовремено, се бележат знаци на постепена промена во трендовите, најмногу во западната хемисфера, поради отворањето на границите меѓу земјите членки на ЕУ, од 1 јули годинава.

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на заштита на...

Го удирале со клоци и тупаници, а потоа со камен го удриле по главата – Истрага за насилство во Батинци

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица – татко и син, осомничени за кривично дело Насилство од член 386 став 6 во врска со став...

Ученици со просек 5,00 денеска полагаа квалификациско тестирање во „Георги Димитров“ и во „Д-р Панче Караѓозов“

Ученици со просек 5,00 кои се пријавиле за упис во училиштата „Георги Димитров“ (гимназиско образование), „Д-р Панче Караѓозов“ (медицинска сестра и забен техничар на албански наставен јазик), како и во училиштето...

Врховниот лидер на Иран бара поголема помош од Русија која ќе ја искористи против САД

Врховниот лидер на Иран го испрати својот министер за надворешни работи во Москва за да побара од претседателот Владимир Путин поголема помош од Русија по најголемата воена акција на САД против...

Вртоглавица, замор и повраќање се симптоми на топлотен удар, ИЈЗ со препораки за работниците

Поради најава од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за очекувани повисоки максимални дневни температури од 24 до 27 јуни, Институтот за јавно здравје повикува на почитување на мерките на...