fbpx

Корона вирусот доведе до голем пад на тргувањето на пазарот на недвижности

-

Драстично намалување на обемот на тргување на пазарот на недвижности во периодот од 1 април до 30 јуни годинава откриваат новите податоци од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности. Во второто тримесечје од 2020 година, кога се разгоре кризата предизвикана од корона вирусот, евидентирани се вкупно 4.073 трансакции, што е помалку за 3.085 трансакции во однос на првите три месеци од годинава.

Во овој период, во Регистарот на цени и закупнини се впишани вкупно 3.197 продажби на недвижности, што претставува пад за 1.738 продажби во однос на првиот квартал од 2020 година. Што се однесува до закупите, регистрирани се 876 закупи на целата територија на цела држава, што претставува намалување во споредба со закупите од претходниот квартал за 1.347 трансакции.

Во периодот април – јуни 2020 година, во земјава се продадени 681 новоизградени станови што е за 38 станови помалку од првиот квартал во 2020 година.

Согласно со статистиката на Агенцијата за катастар на недвижности заклучно со јуни, на целата територија на државата има 6.436 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од минатиот квартал, во овој квартал има зголемување на непродадените домови за дополнителни 4 станови.

„Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности се издадени 12.902 листови за предбележување на градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности. Може да се констатира дека бројот на новоградби моментално ја задоволува побарувачката на нови станови“, се констатира во извештајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...