fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

Европски научници произведоа големо количество на енергија преку нуклеарна фузија

Изгледот за искористување на енергијата од ѕвездите се добилижи чекор поблиску до реалноста откако научниците поставија нов рекорд за количината на ослободена енергија од одржлива фузиска реакција, пишува Градијан. Научниците од експериментот Joint European Tours (JET) на Организациајта за атомска енергија на Обединетото кралство во Оксфорд генереираа 59 мегаџули топлина еквивалентни на 14 килограми (ТНТ) за време од 5 секунди...

Декарбонизацијата тапка во место, многу планови, а малку инвестиции во енергетскиот сектор

Амбициозното зелено сценарио на Стратегијата за развој на енергетиката за периодот до 2040 година ја позиционираше С. Македонија како предводник во регионот кога станува збор за декарбонизација и зелен развој во енергетскиот сектор. Сепак, она што го предвидува документот и она го гледаме на терен, особено откако започна енергетската криза, не е многу различно од претходните години. Термоелектраните на...

[Фотовест] Првите темјанушки се појавија на Водно под стопениот снег

Температурите од околу 10 степени изминатиов викенд интензивно го топеа снегот на Водно. Меѓу растопениот снег се појавија првите темјанушки, кои го наговестуваат будењето на природата и доаѓањето на пролетта. Како и минатите години, топлото време и натпросечните температури во зимскиот период ги приморуваат кокичињата да се разбудат од зимскиот сон многу порано од вообичаеното. Климатските промени периодов наназад предизвикуваат...

Нема област што не е приоритет во екологијата, граѓанските организации бараат итни акции

Справување со климатските промени, напуштање на фосилните горива и инвестиции во алтернативни извори на енергија, имплементација на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот, заштита на почвите и решавање на историските жаришта од некогашни рудници или индустриски капацитети, заштита на биодиверзитетот и на природните реткости и убавини, стопирање на урбанизацијата на Охрид, воспоставување на вистински систем за селекција на...

Со задоцнување од три месеци, Владата планира да го усвои Законот за климатска акција во март

Наместо до крајот на минатата година, усвојувањето на Законот за климатска акција, планирано е да влезе во владина постапка при крајот на првиот квартал од годинава, односно во текот на март, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од Министерството објаснуваат дека доцнењето од три месеци е поради усогласувањето и адаптирањето на решенијата на национално ниво со новата...

Климатски промени: Последните седум години најтопли во човековата историја

Глобалното затоплување продолжува и научните податоци за последните седум години покажуваат дека тие се најтоплите во човековата историја, пренесува Гардијан. Температурата на светско ниво во 2021 година била за 1,2 Целзиусови степени над прединдустриските нивоа. Ова значи дека климатските промени со несмалено темпо продолжуваат да создаваат екстремни временски услови на Земјината топка, предизвикани од емисиите на стакленички гасови. Европската климатска...

Климатските промени и аерозагадувањето во 2021 година: Многу документи, малку имплементација

Реализацијата на проекти на национално и локално ниво коишто ќе имаат директен удел во намалување на аерозагадувањето и ублажување на климатските промени недостигаа во изминатата 2021 година. Северна Македонија усвои серија од важни стратегии и закони, а се обврза на Конференцијата за климатски промени на ОН - КОП 26 и со потпис на меѓународни договори, но имплементацијата дури и...

Земјата добива црна кутија што ги регистрира сите чекори кон климатска катастрофа

На гранитна рамнина, опкружена со планини со грмушки, седи џиновска челична кутија. Несоодветно за пејзажот, слично како црниот монолит на Кјубрик од филмот „2001: Вселенска одисеја“, неговото вонземско присуство сугерира дека е ставен таму со намера. И ако оние што го откриваат можат да ги дешифрираат пораките што ги содржи, би можеле да добијат увид што го предизвикало падот...

Eвропскиот зелен договор две години потоа

Зелениот договор од 2019 година е прв стратешки приоритет на овој состав на Европската комисија. Тој има три главни цели: Европската унија да стане неутрална во поглед на стакленичките гасови до 2050 година; Економскиот раст да се раздвои од користењето на ресурсите; Ниеден човек и ниедно место да не биде запоставено. За првата цел, која е и најпознатата, е поставена...

Пожарите летово најголеми во изминатава деценија, проголтаа над 11.000 хектари шума [инфографик]

Шумските пожари коишто изминатово лето ја зафатија Македонија се најголемите во изминатава деценија. За само четири месеци, во периодот од јуни до септември 2021 година, имало 142 шумски пожари во кои биле зафатени 11.420 хектари површина под шума, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Поради обемот на настанатата катастрофа, ДЗС заедно со ЈП Национални шуми изработија дополнително статистичко...

Претседателот Пендаровски ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја потпиша Декларацијата за деца, млади и климатска акција, во присуство на млади активисти кои учествуваа на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и претставничката на УНИЦЕФ во Северна Македонија, Патриција ДиЏовани. По повод потпишувањето на Декларацијата, во Кабинетот се одржа тематска дебата, на која се...

Песната за климатска акција на „Дајте музика“ го освои 9. место на Детската евровизија

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од емисијата „Дајте музика“ вчера го освоија високото 9.место на Детската евровизија што се одржа во Париз. Одличниот настап на македонските претставници, но и силната порака што ја испраќа песната „Green Forces“ која повикува на климатска акција од страна на најмладите, придонесе Македонија да освои 114 поени на детската верзија на Евросонг. https://www.youtube.com/watch?v=bsHPzngVq04&t=3s Инаку, автори на песната...

Практична акција „Климатска едукација – СЕГА и ВЕДНАШ!“ за основците во Кузман Јосифоски – Питу

Неформалното здружение „Рурална коалиција“ во соработка со ООУ Кузман Јосифоски - Питу од Кичево во текот на ноември и декемви спроведе практична едукација и работа на тема „Климатска едукација - СЕГА и ВЕДНАШ!“ за учениците од трето и четврто одделение. Мотивот за создавање на оваа интерактивна акција од страна на Коалицијата и основнот училиште потекнува од актуелната тема за создавањето...

Догодина ќе се пошумуваат околу 500 хектари, за повеќе засадени дрвја требаат финансии

Јавното претпријатие „Национални шуми“ догодина планира да пошуми површини на околу 500 хектари, при што планирано е да се засадат од 2.000 до 2.500 садници по хектар во земјава. Според податоците што ги добивме од ЈП „Национални шуми“, во изминативе 10 години во земјава се пошумувале од 400 до 600 хектари годишно од нивна страна. Ова значи дека и во...

Расте бројот на жртви од силните бури што погодија неколку американски држави

Во тек е потрагата по преживеани во делови од шест американски држави опустошени од силните торнада во кои загинаа најмалку 94 лица. Десетици се водат како исчезнати, а цели градови беа уништени откако неколку разорни торнада го погодија централниот и јужниот дел на Соединетите Американски Држави (САД) во петокот и саботата, пренесува „Би-би-си“. Американскиот претседател Џо Бајден прогласи состојба на...

Последната декада најтопла во историјата на земјава, климатските промени ќе носат попеколни лета

Врели лета и повисоки просечни температури, благи зими без снег, намалување на врнежите и долги сушни периоди се новите климатски услови во Македонија, кои ги живееме во последната декада. Истражувањата на Управата за хидрометеоролошки работи покажуваат дека последната декада од 2011 до 2020 година, е најтопла од почетокот на метеоролошките мерења во земјава, а прогнозите велат дека зголемување на...

Во Норвешка претставен првиот товарен брод на батерии

Првиот автономен електричен брод Yara Birkeland го реализираше своето прво патување во Норвешка, јавуваат светските медиуми. Станува збор за брод долг 80 метри, којшто ќе се полни на батерии за да ги реализира своите патувања. Бродот има осум простории во кои се сместени батерии со моќност од 7 мегават часови, што е еквивалентно на 100 електрични автомобили на Тесла. Бродот...

Мнозинство од граѓаните ги прифаќаат теориите на заговор и заблудите за корона вирусот

Дури 65 отсто од граѓаните во земјава сметаат дека ковид-19 е креиран во лабораторија за да се контролираат луѓето, потоа 44 отсто се согласни дека бројките на заболените од ковид-19 се зголемувани, и дека се плаќало за да се пријавуваат луѓе дека починале од ковид. До такви резултати дошло истражувањето „Човек од народот: Анализа на јавното мислење за политичките барања...

Повеќе од половина од домаќинствата кои се греат на дрва не се подготвени да ги сменат старите печки

Повеќе од половина од семејствата кои се греат со печки на дрва во земјава не се подготвени да го сменат начинот на затоплување на домот, покажува истражувањето презентирано на втората национална работилница на проектот „Партнерство за попаметно греење“ во организација на Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко свест“. Во текот на проектот беа спроведени регионални истражувања...

Галовеј: 200 земји се согласни дека јагленот е главниот проблем за глобалното затоплување (видео)

Одржувањето на Конференцијата за климатски промени на Обединетите нации во Глазгов (КОП 26) беше повод за Новинската агенција Мета да направи интервју со амбасадорката на Обединетото Кралство во Скопје, Рејчел Галовеј. Со амбасадорката разговаравме за клучните успеси што произлегоа од КОП 26, за обврските коишто ги презедоа државите, за предизвиците со кои се соочува Северна Македонија во делот на...

(РЕПОРТАЖА) Надежите на СДСМ испарија во сауната на ВМРО-ДПМНЕ

„Овде е стравотно топло, како во сауна е“, рече професорката Гордана Сиљановска-Давкова на прес-конференцијата во централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, барајќи марамче да се избрише, пред да ја прогласи победата...