[Фотовест] Првите темјанушки се појавија на Водно под стопениот снег

Фото: Мета.мк

Температурите од околу 10 степени изминатиов викенд интензивно го топеа снегот на Водно. Меѓу растопениот снег се појавија првите темјанушки, кои го наговестуваат будењето на природата и доаѓањето на пролетта.

Фото: Мета.мк

Како и минатите години, топлото време и натпросечните температури во зимскиот период ги приморуваат кокичињата да се разбудат од зимскиот сон многу порано од вообичаеното. Климатските промени периодов наназад предизвикуваат да се намали бројот и зачестеноста на ладните бранови. Па така, кокичињата зимава во Скопје изникнаа дури во јануари.

Сепак, временската прогноза за наредните денови укажува дека темјанушките и кокичињата ќе бидат прекриени со нова снежна покривка. Врнежи од дожд и снег се најавуваат за денешниот и утрешниот ден, по што во земјава ќе следи период со повисоки температури на воздухот.