Земјата добива црна кутија што ги регистрира сите чекори кон климатска катастрофа

Фото: Принтскрин earthsblackbox.com

На гранитна рамнина, опкружена со планини со грмушки, седи џиновска челична кутија. Несоодветно за пејзажот, слично како црниот монолит на Кјубрик од филмот „2001: Вселенска одисеја“, неговото вонземско присуство сугерира дека е ставен таму со намера. И ако оние што го откриваат можат да ги дешифрираат пораките што ги содржи, би можеле да добијат увид што го предизвикало падот на цивилизацијата што била таму порано. Ова е Црната кутија на Земјата, објави австралискиот Еј-Би-Си Њуз.

Проектот, наречен Earth’s Black Box, е огромна челична инсталација, која наскоро ќе биде исполнета со хард дискови на соларна енергија, а секој од нив документира и складира серија научни ажурирања и анализи во реално време за најмрачните проблеми со кои се соочува светот.

Проектот е целосно некомерцијален, а според Џим Кертис од Clemenger BBDO, водечкиот принцип на дизајнот е функционалноста.

„Очигледно е навистина моќен концепт кога некому му кажете: ‘Земјата има црна кутија“, рече Кертис кој на овој проект соработува со истражувачите од Универзитетот Тасманија.

Информациите поврзани со климатските промени, истребувањето на видовите, загадувањето на животната средина и влијанијата врз здравјето ќе бидат евидентирани во монолитната структура, така што ако идното општество ја открие архивата еден ден, ќе може да го сложи мозаикот за она што се случило со нашата планета.

„Доколку драматично не го промениме нашиот начин на живот, климатските промени и другите опасности предизвикани од човекот ќе доведат до колапс на нашата цивилизација“, објаснето на е на веб-страницата за Earth’s Black Box

„Црната кутија на Земјата ќе го регистрира секој наш чекор кон оваа катастрофа. Стотици збирки на податоци, мерења и интеракции поврзани со здравјето на нашата планета континуирано ќе се собираат и безбедно ќе се складираат за идните генерации“, се вели понатаму.

Фото: Принскрин earthsblackbox.com

Општо земено, ќе собира два вида податоци:

Ќе зачувува мерења на температурите на копното и морето, закиселувањето на океаните, атмосферскиот CO2, исчезнувањето на видовите, промените во користењето на земјиштето, како и работи како човечкото население, воените трошоци и потрошувачката на енергија. Исто така, ќе собира контекстуални податоци, како што се наслови на весници, објави на социјалните мрежи и вести од клучни настани како што е Конференцијата за климатски промени (КОП).