fbpx
Таг: климатски промени

таг: климатски промени

Новите домови во Англија од догодина ќе мора да имаат полначи за електрични автомобили

електричен автомобил
Новоизградените домови и згради во Англија со закон ќе бидат обврзани да инсталираат полначи за електрични возила почнувајќи од следната година, најави премиерот Борис Џонсон, а пренесе „Би-би-си“. Новиот закон ги опфаќа и новоизградените супермаркети, објектите на компании и зградите кои ќе подлежат на големо реновирање. Со ова, британските власти очекуваат секоја година да бидат инсталирани до 145.000 полначи за...

Предмети што се селектираат беа билет за првото соларно кино во Скопје

Во организација на Здружението „Go Green“, а со поддршка на Француската амбасада и Францускиот институт во Скопје, денеска во Кинотека на Македонија се одржа првото соларно кино. Присутните можеа да ја проследат проекцијата на францускиот документарец „Си беше една шума“, но за да уживаат во филмот кој беше напојуван од соларна енергија, требаше да „платат“ со селектиран отпад. Пред влезот...

Бразил: Уништувањето на амазонската прашума на најголемо ниво во изминативе 15 години

Уништувањето на амазонската прашума во Бразил годинава е на највисоко ниво во изминативе 15 години, покажува официјалниот извештај на Националниот институт за вселенски истражувања на Бразил, пренесуваат Би-би-си и Гардијан. Податоците покажуваат загрижувачки раст од 22 отсто на површината на уништени шуми во Амазон, така што од август 2020 до јули 2021 година се уништени 13.235 километри квадратни од "белите...

Малите хидроцентрали главна тема во новото издание на „Шорткат“

Во фокус на 12. епизода од емисијата за млади „Шорткат“ се малите хидроцентрали. Еколошките организации се обединија во ставот дека од нивната изградба нема ниту економски, ниту еколошки бенефит, а влијанието што го имаат врз животната средина и биодиверзитетот е погубно. Според нив, Законот за води треба да е рамка која мора да спречи експлоатација на водните ресурси исклучиво...

КОП 26 го финализираше Парискиот договор за климатски промени

Конференцијата за климатски промени (КОП 26) заврши во Глазгов, при што речиси 200 земји се согласија на Климатскиот пакт од Глазгов за одржување на 1,5 степени (С) во живот и финализирање на извонредните елементи од Парискиот договор, информираат од Британската амбасада во Скопје. „Климатските преговарачи ги завршија двонеделните интензивни разговори во саботата со консензус за итно забрзување на климатските акции....

Светските лидери со позитивни оценки за договорот од КОП 26, иако јагленот не е целосно исфрлен од употреба

Климатскиот договор постигнат на КОП 26 во Глазгов е договорот којшто носи промени и којшто ќе донесе крај на производството на енергија од јагленот. Можеме да лобираме и охрабруваме, но не можеме да ги принудиме останатите земји да го прават она што не сакаат, изјави британскиот премиер Борис Џонсон по завршувањето на Конференцијата за климатски промени на ОН во...

Половина година не сообраќаат возовите кон Кичево, Кочани и Приштина, од Железници-Транспорт молк

Граѓаните со месеци по социјалните мрежи реагираат за неодржување на вцртаните линии во возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт за 2021 година, а од државното железничко претпријатие молк за ваквата состојба. Од почетокот на мај годинава е укинат патничкиот воз Скопје-Кочани-Скопје, додека од крајот на мај не сообраќа ниту единствениот воз меѓу Скопје и Кичево. Уште од почетокот на ковид-19...

Како изгледаат изгорените шуми неколку месеци подоцна – погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Шумските пожари, бесправната сеча на дрвјата и природните непогоди се најголемите причинители за уништување на шумското богатство во нашата земја. Поради сушното време, високите температури и силниот ветер, изминатово лето беа опустошени илјадници хектари шума засадени со дрвја. Во најновата епизода на емисијата Shortcut со снимки од теренот покажуваме како изгледаат македонските шуми неколку месеци по пожарите, разговараме со експерти...

Во странство потпишуваме договори, на терен уништувањето на шумите продолжува [инфографик]

Над 10.000 хектари шуми беа уништени од катастрофалните пожари што ја зафатија земјава во изминатава година. Ситуацијата беше крајно сериозна во текот на август, кога исклучително лошата комбинација на сушен период, продолжен топлотен бран со температури од 40 степени и силен ветар, предизвика опустошување на цели шуми во Малешевијата, ридовите околу Кочани и на други локации во земјава. Материјалната штета...

КОП 26: Објавен нацрт-договорот кој бара построги обврски од државите за емисиите на стакленички гасови

Нацрт-договорот на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) е веќе изготвен, а во наредните денови ќе се преговара со земјите за зајакнување на своите национални климатски планови до крајот на 2022 година, пишува весникот Гардијан. Овој нацрт беше објавен од Обединетото Кралство, односно од претседателот на Светската климатска конференција Алок Шарма. Со него се поттикнуваат земјите да ги...

Наместо за производство на струја, стакленичките гасови од фармите од земјава завршуваат во атмосферата [инфографик]

На Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), 104 држави од светот се договорија да ги намалат емисиите на метан во атмосферата за најмалку 30 отсто до 2030 година. Овој гас се задржува во атмосферата многу пократко од јаглерод диоксидот, но потенцијалот на метанот да загрева е за 80 пати поголем од CO2 во период од 20 години....

Крајот на јагленот е на повидок со утврдените амбициозни обврски на Обединетото Кралство на КОП 26

Крајот на јагленот – единствениот најголем придонесувач за климатските промени - е на повидок благодарение на Обединетото Кралство и фактот што обезбеди коалиција од 190 земји и организации потписници на COP26, при што земји како Полска, Виетнам, Египет, Чиле и Мароко јасно ги објавија своите обврски за постепено укинување на енергијата од јаглен, информираат од Амбасадата на Обединетото Кралство...

Обама од КОП 26 им порача на младите да продолжат да се борат против климатските промени

Поранешниот американски претседател Барак Обама во своето обраќање на Конференцијата за климатски промени (КОП 26) ги повика младите да продолжат со својата борба против климатските промени, јавува Би-би-си. https://www.youtube.com/watch?v=kpOSlo_gwWo Тој им порача на младите низ целиот свет дека треба да извршат политички притисок за да направат промена, но и додаде дека ќе мора да прифатат компромиси на тој пат. Обама рече и...

Грета Тунберг ги критикуваше светските лидери дека повторно даваат празни ветувања за борбата со климатските промени

Грета Тунберг ги критикуваше светските лидери и го нарече COP26 неуспех, на големиот протест на младите во петокот пред местото на одржување на самитот за климата во Глазгов. Младите активисти во шкотскиот град бараа конкретни акции од лидерите, додека фокусот на официјалниот настан беше свртен кон влијанието на климатските промени врз идните генерации. Во главниот говор на протестот, Тунберг порача...

Технологијата на зафаќање и складирање на јаглерод е клучна за индустриите да ги достигнат своите климатски цели

Индустриите, од производство цемент, железо и челик, до рударство, создаваат планови за ограничување и намалување на емисиите на стакленички гасови кои ја затоплуваат планетата, а многу од нив зависат од технологијата за зафаќање и складирање на јаглеродниот диоксид, која е сè уште во развој, пишува „Ројтерс“. Постојат два главни начина на зафаќање на јаглеродот и негово складирање - едниот е...

Британска компанија претставува нова иновација на КОП26 – авионите како гориво да користат водород

Британска компанија на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26) денеска ќе ја открие новата технологија што ќе овозможи авиосообраќајот да постигне нулта емисии на стакленички гасови, кои се виновник за глобалното затоплување на планетата, пишува Гардијан.  Станува збор за иновација, со која авионите ќе може да се придвижуваат на водород до 2030 година, како замена за млазното гориво...

5 ноември – Ден посветен на младите на Конференцијата за климатски промени (КОП 26)

Денешниот ден (5 ноември) е посветен на младите во рамки на Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), кој се одвива во Глазгов, Обединетото Кралство. Мила Јовановска, претседателка на Здружението Гоу Грин, вели дека младите се директно засегнати од климатската криза. Тие најмалку придонеле, но сепак директно ќе ги чувствуваат најлошите последици во наредните години. Затоа е многу важно...

КОП26: Над 40 земји се заложија да запрат со производство на струја од јаглен, но има и несогласувања

На Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП26) во Глазгов повеќе од 40 земји од светот се согласија на постепен прекин на производството на електрична енергија од јаглен. Поголемите економии ќе треба да го направат ваквиот прекин во текот на следната деценија, додека помалите земји имаат обврска да престанат со производството во 2040-тите години, пишува Гардијан. Договорот посредуван од Обединетото...

Амбициозни цели се зацртуваат на КОП26 во Глазгов, но остварувањето останува под прашалник

Глобалната Конференција за климатските промени на ОН (КОП 26) што се одржува во Глазгов, Обединетото Кралство, досега донесе заветувања на огромен број промени за ублажување или неутрализирање на климатските промени. Сепак, заветувањата на глобалниот настан на Обединетите Нации нема да бидат задолжителни, а различните групации на „зелените“ организации и групи велат дека и предлозите не се доволни за да...

Пендаровски: С. Македонија е подготвена да придонесе Европа да стане првиот јаглеродно-неутрален континент до 2050 година

С. Македонија, поддржувајќи го Европскиот зелен договор, е подготвена со својот удел да придонесе Европа да стане првиот јаглеродно-неутрален континент до 2050 година, порача претседателот Стево Пендаровски, во своето обраќање на пленарната сесија на отворањето на Светскиот лидерски самит во рамките на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26) што се одржува во Глазгов. Пендаровски пред светските лидери ги...

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...