Како изгледаат изгорените шуми неколку месеци подоцна – погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Шумските пожари, бесправната сеча на дрвјата и природните непогоди се најголемите причинители за уништување на шумското богатство во нашата земја. Поради сушното време, високите температури и силниот ветер, изминатово лето беа опустошени илјадници хектари шума засадени со дрвја.

Во најновата епизода на емисијата Shortcut со снимки од теренот покажуваме како изгледаат македонските шуми неколку месеци по пожарите, разговараме со експерти за бесправната сеча на дрвја, но и објаснуваме како уништувањето на шумите влијае негативно на климатските промени.

Во најновата епизора на Shortcut информираме и за Конференцијата за климатски промени на ОН (КОП 26), во чии рамки 5 ноември беше датумот посветен на младите и климатските промени.

Во емисијата се третира и прашањето за аерозагадувањето во земјава, со пораката од Еко-свест за потребата од формирање на Фонд за животна средина, од каде што ќе се инвестираат средства за мерки за спречување на загадувањето на воздухот.

Во Shortcut носиме информации и за филмот „Танц во хаосот“, којшто зборува за дискриминацијата што ја доживува ромската заедница во нашето општество.

Проследете го најновото издание на „Шорткат“ кое ќе биде објавено вечерва во 19 часот.