понеделник, 19 јануари, 2026
Meta.mk

Ознака: емисии на стакленички гасови | 119 резултати

Трка со времето кој да го наплати данокот од јаглерод, ЕУ или Македонија

20 ноември 2023

Дали Европската Унија или Македонија ќе ги собира парите од данокот на јаглерод? Дилемата сè уште е актуелна, а државата е во трка со времето, до 2026 година да обезбеди механизми давачката да се наплатува тука, за парите да завршат во домашниот, а не во европскиот буџет. Законот за климатска акција, што го пропишува данокот […]

Нов сателит ќе ги следи најлошите загадувачи со јаглерод диоксид

13 ноември 2023

Канадската компанија за мониторирање на емисии на јаглерод диоксид GHGSat лансираа сателит со цел следење на нивото на загадување предизвикано на специфични места, како електрани на јаглен или челичарници, известува Еуроњуз. Податоците собрани од сателитот наречен Авангарда ќе бидат достапни за купување од индустриски загадувачи кои сакаат го намалат своето ниво на емисии, како и […]

Мета факт: Сите рокови за усвојување на Законот за климатска акција се пробиени

24 октомври 2023

Сите рокови предвидени за донесувањето на Законот за климатска акција во Собранието на РСМ се пробиени. Иако владата во својата програма има ветено дека ова законско решение ќе биде усвоено во 2022 година, законодавниот дом до денешен ден ова го нема направено. Министерството за животна средина и просторно планирање дури на почетокот од август годинава […]

Објавена финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција

3 август 2023

Министерството за животна средина и просторно планирање ја објави финалната нацрт-верзија на Предлог-законот за климатска акција, долгоочекуван правен акт што треба на земјава да ѝ даде насоки и да постави цели во напорите за намалување на емисиите на стакленички гасови, како и за адаптација и градење отпорност кон климатските промени. С. Македонија постави високи цели […]

Слабо возиме точак и пешачиме, иако апликации нудат поволности за поминати километри [инфографик]

16 јуни 2023

Македонските граѓани не се премногу заинтересирани за користење на велосипедот како превозно средство, но постои апликација која може да го промени ваквиот став не само за велосипедскиот превоз, туку и за пешачењето. Апликацијата Челинџер (Challenger) веќе трета година активно им нуди на македонските граѓани можност да стекнуваат поволности и да штедат емисии на стакленички гасови […]

Железница не користиме, субвенции за нови возила немаме, климатските промени ги игнорираме [инфографик]

7 јуни 2023

Транспортот учествува со 28 отсто во вкупните емисии на стакленички гасови во Македонија и во моментов се наоѓа на второ место меѓу изворите на штетни материи кои имаат негативно влијание врз климатските промени. Кај транспортот не постои интегриран пристап во водењето политика за намалување на количествата на јаглерод што ги произведуваат, а треба да се […]

За три години пожарите проголталe 3% од шумската површина, ревизорите утврдија серија слабости

2 февруари 2023

Шумските пожари што ја зафатија Македонија во периодот од 2019 до 2021 година уништиle 29.224,51 хектари шумска површина, што претставува 3% од целокупната површина под шуми што ја има земјава. Огромните штети доведоа до уништување на дрвна маса од 594.008 кубни метри. Овие податоци се наведени во Конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за […]

Со недели доцни скијачката сезона поради топлото време, туристичките центри низ земјава во була

19 јануари 2023

„Многу топол ноември“ и „екстремно топол декември“ е главната констатација на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во изработените месечни извештаи за временската состојба во Македонија за последните два месеци од 2022 година. На скијачките центри во земјава снег немаше паднато до 9 јануари, додека почетокот на скијањето доцни со недели и се очекува да започне […]

Океаните минатата година биле најтопли според досегашните мерења

11 јануари 2023

Светските океани во 2022 година биле рекордно најтопли според досегашните мерења, што ги покажува длабоките и продорни промени што емисиите предизвикани од човекот ги прават врз климата на планетата Земја, пишува Гардијан, повикувајќи се на истражување објавено од американската Национална администрација за океани и атмосфера. Повеќе од 90 отсто од вишокот топлина заробена од емисиите […]

КОП 27 завршува денес, ЕУ согласна на фонд за помош на сиромашните земји за климатски катастрофи

18 ноември 2022

Меѓународната климатска конференција КОП 27 денеска завршува во Египет, а една од позитивните вести доаѓа од Европската Унија (ЕУ) која се согласи на формирање и финансирање на меѓународниот фонд за загуби и штети што треба да им помогне на најсиромашните земји во светот да се справат со климатските катастрофи, пишува Гардијан. Драматичната интервенција на ЕУ […]

Климатски промени: Бројот на врнежливи денови намален, количеството на врнежи лани зголемено [инфографик]

13 ноември 2022

Долготрајни периоди без врнежи кои доведуваат до сушни периоди, по кои следуваат врнежливи денови со големо количество на воден талог што би можело да предизвика поплави или други штети. Вака накратко и поедноставено би можеле да се објаснат климатските промени во делот на врнежите со коишто се соочила земјава во минатата година. Најголем дел од […]

КОП 27: Клучната климатска цел за пораст на температурата од 1,5 степени пред нов предизвик

11 ноември 2022

Емисиите на јаглероден диоксид се зголемуваат толку брзо што сега светот има 50 отсто шанси наскоро да го надмине клучниот праг на климатските промени, јавува Би-би-си, повикувајќи се на нов извештај кој денеска бил претставен на климатскиот самит КОП 27 во Шарм ел Шеик, Египет. Се очекува емисиите во 2022 година да останат на рекордно […]

Во Германија од јануари месечниот билет за сиот јавен превоз ќе чини 49 евра

6 ноември 2022

Откако летово во Германија беа воведени месечни билети од 9 евра за користење на јавниот превоз, нивната популарност ги принуди германските власти од јануари годинава да воведат атрактивна замена која ќе чини 49 евра месечно. Со ваквиот билет ќе може да се користи јавниот превоз во градовите, како и возовите на „Дојче Бан“ на кратки […]

ЕУ воведува забрана за продажба на нови бензински и дизел возила по 2035 година

28 октомври 2022

Во земјите-членки на ЕУ во периодот по 2035 година граѓаните нема да може да набават нови возила на погон на бензин и дизел гориво. Претставниците на Европскиот парламент и Европскиот совет вчера вечер го усогласија првиот договор за етапно намалување на емисиите на стакленички гасови во делот на транспортот, кои треба до 2030 година да […]

Прикажан филмот „Клима и енергетика“ пред скопските средношколци

20 октомври 2022

„Клима и енергетика“ е името на филмската проекција наменета за средношколци која се прикажа синоќа во киното Синеплекс. Ова се активности кои се дел од проектот „Младинското кино на ЕУ: Зелен договор“, наменет за енергијата и климата. Како што информираат од организацијата „Гоу грин“, на настанот присуствувале околу 100 ученици од средните училишта во Скопје, […]

Во САД ќе започне најголемиот светски проект за отстранување на јаглерод диоксид од атмосферата

3 октомври 2022

„Проектот Бизон“ официјално со работа ќе започне следната година во државата Вајоминг во САД, а има за цел да го отстранува јаглеродниот диоксид од атмосферата. Овој проект кој го водат две климатски технолошки компании претставува најголем проект за зафаќање и складирање на јаглерод во светот и треба да им помогне на индустриите да ги исполнат […]

Годинава намален бројот на шумски пожари и за десетици пати намалена опожарената површина

11 септември 2022

По катастрофалните шумски пожари што ја зафатија лани земјава, годинава состојбата со превенирање на шумските пожари е драстично подобрена. Во првите шест месеци од 2022 година, во земјава се регистрирани 69 шумски пожари, при што опожарена била површина од 733,02 хектари, додека опожарената дрвна маса изнесувала 4.621 метри кубни, информираат за Мета.мк од ЈП Национални […]

Мнозинството возила возат на нафта, државата нема субвенции за уреди на плин, општините спијат [инфографик]

3 септември 2022

Министерството за економија годинава нема да додели субвенции за вградување на плински уреди во возилата, бидејќи со антикризните мерки Владата одлучи да ги пренамени средствата предвидени за оваа намена. Општините исто така не доделуваат средства на граѓаните за промена на погонското гориво на кое се движат старите возила, а статистичките податоци покажуваат дека расте бројот […]

Наместо да опаѓаат, емисиите на стакленички гасови во Македонија растат [инфографик]

2 септември 2022

Откако го достигна историски најнискиот рекорд на емисии на стакленички гасови во 2016 година, Македонија повторно го зголеми испуштањето на штетните супстанци во атмосферата кои придонесуваат за негативното влијание на климатските промени. Секторот Енергетика во ваквиот негативен раст предничи. Според последните податоци за 2019 година објавени во Извештајот за националниот инвентар на стакленички гасови на […]

Иновација преточена во реалност: Во Германија сообраќаат патнички возови на водород

25 август 2022

Иднината на еколошките патувања во Германија станува реалност со воведувањето на првата железничка линија, на која сообраќаат иновативни патнички возови на водород, пренесува Си-ен-ен. Новата технологија е преточена во возови со водородни ќелии, кои ја произведуваат енергијата за нивното придвижување. Четиринаесет водородни возови беа набавени по цена од 93 милиони евра од францускиот производител Алстом. […]

Страна 1 од 6