Прикажан филмот „Клима и енергетика“ пред скопските средношколци

Извор на фотографија: Чаптер 4

„Клима и енергетика“ е името на филмската проекција наменета за средношколци која се прикажа синоќа во киното Синеплекс. Ова се активности кои се дел од проектот „Младинското кино на ЕУ: Зелен договор“, наменет за енергијата и климата. Како што информираат од организацијата „Гоу грин“, на настанот присуствувале околу 100 ученици од средните училишта во Скопје, кои дискутирале за климатските промени и енергетиката како главен емитер на стакленички гасови.

Од Центарот за климатски промени го промовирале новиот сет за електрична потрошувачка во домаќинствата.

„Домаќинствата трошат околу 24 отсто од вкупната потрошувачка на енергија кај нас. За споредба, целата индустрија троши околу 23 отсто. Затоа е важно секој дома да размисли и да ги промени навиките за да ја намали потрошувачката на енергија“, изјавиле од Центарот.

Даниела Станковска Плачковска од Агенцијата за филм, кажала дека филмот може да испрати еколошка порака на два начина: едниот е преку самата содржина и порака во филмовите што ги гледавме, а другата е преку самата продукција на тој филм.

„Кај нас, филмот „Стела“ е првиот таков филм кој испрати голема порака до сите во аудиовизуелниот сектор“, рекла таа.

Мила Јовановска од организацијата „Гоу Грин“ рече дека со организирање на овие проекции со физичко присуство, целта е да се ревитализираат младите и повторно да се активираат важни климатски дискусии преку филм.

Проектот „Младинско кино на ЕУ: Зелен Договор“ е кофинансиран од Европската Унија и од австриското Министерство за клима. Сите заинтересирани за следната филмска проекција може да се пријават на https://www.youth-cinema.eu/mk.