Канадската компанија за мониторирање на емисии на јаглерод диоксид GHGSat лансираа сателит со цел следење на нивото на загадување предизвикано на специфични места, како електрани на јаглен или челичарници, известува Еуроњуз.
Податоците собрани од сателитот наречен Авангарда ќе бидат достапни за купување од индустриски загадувачи кои сакаат го намалат своето ниво на емисии, како и од влади и истражувачи.
Авангарда припаѓа на мрежа сателити кои целат да детектираат загадување, со цел разобличување на точните ефекти на големите загадувачи.
Други сателити од ваков вид детектираат метан во атмосферата, кој е потежок за детектирање, бидејќи најчесто доаѓа од повеќе мали извори. Тие веќе имаат покажано дека количеството на метан во атмосферата е повисоко од што претходно било пресметано – извршниот директор на GHGSat смета дека е многу веројатно истото да се покаже за количеството на јаглерод диоксид со помош на новиот сателит.