fbpx
Таг: емисии на стакленички гасови

таг: емисии на стакленички гасови

Галовеј и Силвестри: Ако не дејствуваме сега, климатските промени ќе ја уништат Земјата

Се наоѓаме во посебен историски момент и начинот на кој ќе дејствуваме во следните 10 години, ќе го одреди патот по кој нашата планета ќе се движи во следниот милениум. Само развојот на науката и вербата во неа можат да ни помогнат да се справиме со негативните ефекти од климатските промени, кои ги гледаме секојдневно со топлотните бранови и...

Пожарите лани проголтале најмалку шумска површина во земјава во последнава деценија [инфографик]

Шумските пожари лани проголтале најмалку хектари површина засадена со дрвја во земјава во последнава деценија. Од палењето на вегетацијата во шумите во 2020 година настрадале вкупно 438 хектари, што е многу помалку во споредба со претходните години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во изминатава деценија, статистичките податоци покажуваат дека најлоша година за шумите била 2012 година, кога пожарите...

За да ги намали емисиите на стакленички гасови, ЕУ до 2030 година ќе засади 3 милијарди нови дрвја

Европската комисија кон средината на јули годинава ја објави најновата Стратегија за шуми во Европската Унија (ЕУ) до 2030 година, со која планира во наредните две децении на нејзината територија да се засадат 3 милијарди нови дрвја. Токму дрвјата се главниот апсорбирач на штетниот јаглерод диоксид, преку процесот на фотосинтеза, а со тоа директно придонесуваат да се намалат климатските...

Возилата растечки предизвикувач на климатските промени, властите со мерки ќе мора да пресечат [инфографик]

Постојаното зголемување на бројот на возила на улиците, огромниот наплив на стари возила од странство, намалувањето на бројот на патници во јавниот превоз и на корисниците на велосипедот, како и неразвиената железница предизвикуваат Македонија да се соочува со проблеми со емисиите на стакленички гасови од транспортот. Наместо да се намалува испуштањето на штетните гасови кои се предизвикувач на климатските...

Возењето џип најмногу загадува, велосипедот и јавниот превоз најеколошки [инфографик]

Старите половни дизелаши испуштаат најмногу штетни гасови во атмосферата, додека велосипедот како превозно средство е убедливо најеколошко од аспектот на спречување на климатските промени. Податоците на Министерството за животна средина и просторно планирање објавени на веб-страницата klimatskipromeni.mk покажуваат дека меѓу дизелашите најголеми загадувачи се џиповите, односно теренските возила. Во нивната анализа е направена споредба на различни видови на возила во...

Од 2035 година ЕУ воведува данок на CO2 и забранува продажба на возила со дизел и бензински мотори

Европската комисија минатата недела го усвои пакетот од предлог закони што ќе предизвикаат намалување на емисијата на стакленички гасови на ниво на ЕУ за 55 проценти до 2030 година, споредено со емисиите од 1990 година. Предлозите се однесуваат на климатските промени, енергетиката, користењето на земјиштето и земјоделството, транспортот и политиката на оданочувањето, се наведува во официјалното соопштение на Европската...

Повеќе од двојно зголемен увозот на половни возила во првото полугодие од годинава [инфографик]

Увозот на половни возила од странство не само што не се намалува, туку во првото полугодие од годинава е забележано повеќе од двојно зголемување на бројот на внесени стари возила во Македонија. Според податоците на Царинската управа на РСМ, импортерите на стари возила успеале да внесат 20.505 половни возила во периодот јануари-јуни 2021 година, додека како нови неупотребувани возила...

Најмалку 81 жртва од поплавите во Германија, околу 1.300 лица се водат како исчезнати

Расте бројот на загинати и исчезнати лица во големите поплави што го зафатија западниот дел на Германија. Најмалку 81 жртва е пријавена досега, а најсилно се погодени двете германски покраини Северна Рајна Вестфалија и Рајнската област-Пфалц, јавува Гардијан. Германските медиуми јавуваат за загрижувачки бројки на околу 1.300 лица кои се водат како исчезнати, а властите водат напор да ги...

Патека на иднината: Во Утрехт се возат велосипеди на стаза што произведува зелена енергија

Холандските власти во средата ја отворија најдолгата соларна велосипедска патека во светот, јавува весникот Индипендент. Учениците од основното училиште во село во близина на Утрехт први се провозеа по иновативната стаза, која е комбинација од превоз кој не емитува штетни гасови во атмосферата и во исто време произведува зелена енергија од обновливи извори. Иновативната велосипедска патека е долга 330 метри,...

Се работи на измените, но нема датум од кога ќе биде забранет увозот на возила со под ЕУРО 5 стандарди

Министерството за економија во моментов ја изработува анализата која ќе треба да ги даде податоците за промена на Правилниците за зголемување на стандардите за увоз на возила од странство, односно да се укине увозот на половни возила во земјава со под ЕУРО 4 стандардот, информираат за „Мета.мк“ од ова министерство. И покрај ова, од Министерството за економија немаат конкретен датум...

Глобалното затоплување носи опасност од долготрајни суши и екстремни бури во земјава [инфографик]

Зголемувањето на просечните температури на воздухот во земјава ја носи опасноста од долготрајни сушни периоди и екстремни бури со временски непогоди кои можат да предизвикаат штети. Просечните количества на врнежи на годишно ниво во земјава драстично флуктуираат од година во година во изминатиов тридецениски период, иако бројките генерално низ годините покажуваат зголемување на количеството на врнежи. Податоците на Министерството за...

Емисиите на стакленички гасови во земјава растат кај транспортот и отпадот, опаѓаат во енергетската индустрија [инфографик]

С. Македонија низ годините успева постепено да ги намали емисиите на стакленички гасови во атмосферата, но остануваат загрижувачки неколку сектори кои можат да имаат натамошно негативно влијание врз климатските промени: палењето на шумите, транспортот и отпадот. Податоците од „Третиот двогодишен извештај за климатски промени“ изготвен лани од Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека емисиите на штетните...

Железница со иницијатива за воведување возови на секои два часа од Скопје кон Тетово, Куманово и Велес

Железници на РСМ-Транспорт покрена иницијатива за воведување на патнички возови на релациите Скопје-Тетово, Скопје-Куманово и Скопје-Велес на секои два часа во текот на денот. Ваквата иницијатива е доставена до Владата на РСМ на почетокот на годинава, а предлогот на раководството на Железници е да се набават минимум 10 нови возови, и тоа 6 дизел моторни гарнитури и 4 електро...

ЕУ бара да ги исполниме обврските, Владата Законот за клима планира да го донесе до крајот на годинава

Во 2021 година, Северна Македонија се охрабрува значително да ги засили амбициите кон спроведување на Парискиот договор за климатски промени, да ги донесе Законот за клима и Сеопфатната стратегија за климатска акција во согласност со Рамката на ЕУ 2030, како и да развие Национален план за енергетика и клима, се задолженијата кои ги добија македонските власти од Европската Комисија...

Возовите се најеколошкиот начин на транспорт, но најмалку ги користиме [инфографик]

Железничкиот транспорт е убедливо најмалку користен вид на транспорт во земјава, иако е најеколошко средство за превоз на патници. Покрај автомобилите, кои граѓаните на С.Македонија ги користат за најголем дел од своите патувања, патниот превоз со автобуси е најупотребуваното средство за транспорт. Со автобуси, вклучувајќи го градско-приградскиот, меѓуградскиот и меѓународниот превоз, лани патувале 43.457.000 патници. Такси превозот е исто така...

Двојно е поголем бројот на домаќинствата што поседуваат автомобил наспроти велосипед [инфографик]

Статистиката вели дека бројот на домаќинства кои имаат автомобил е повеќе од двојно поголем од оние домови во кои има барем еден велосипед. Според податоците на Државниот завод за статистика, само 30,7 отсто од македонските домаќинства поседувале велосипед во 2020 година. Оваа бројка е за 2,8 отсто помала во однос на 2019 година, а поседувањето на ова превозно средство...

Возот „Connecting Europe Express“ есенва ќе го мине целиот континент, во Скопје доаѓа на 13 септември

Заеднички европски воз за 36 дена ќе мине низ 26 земји на континентот. Европската Комисија по прогласувањето на 2021 година за Европска година на железницата, деновиве го објави возниот ред на возот „Connecting Europe Express“. Во периодот од 2 септември до 7 октомври, возот ќе патува 20.000 километри, преминувајќи 33 гранични премини, на своето патешествие од Лисабон до Париз. Возот...

Бајден организира дводневен климатски самит, САД ветуваат кратење на емисиите за 50 отсто до 2030 година

Речиси 40 лидери од целиот свет, учествуваат на дводневниот климатски самит што го организира американскиот претседател Џо Бајден. На онлајн-настанот што се одржува под покровителство на Белата куќа ќе се обратат францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Борис Џонсон, како и коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс. САД и нејзиниот претседател Џо Бајден ветија дека до 2030 година ќе ги...

Уапсени тројца германски државјани за наводно шпионирање за Кина

Полицијата во Дизелдорф и Бад Хомбург уапси тројца германски државјани за шпионирање за кинеската тајна служба. Двајца мажи и една жена се во притвор, објави во понеделникот федералното обвинителство,...