fbpx
Таг: Shortcut

таг: Shortcut

Во новата епизода на „Шорткат“ ги коментираме митовите за менталното здравје и посетата на психолог

Во новата епизода на емисијата „Шорткат“ коментираме дел од најпознатите митови за менталното здравје и посетата на психолог. Дали психолозите можат да ги откријат нашите тајни на други луѓе? Дали ако отидеме на психолог, тој ќе нѝ препише лекови што ќе треба да ги пиеме? Дали нашите другари и другарки можат да бидат замена за психолог и да ни...

Како изгледаат изгорените шуми неколку месеци подоцна – погледнете во новата епизода на „Шорткат“

Шумските пожари, бесправната сеча на дрвјата и природните непогоди се најголемите причинители за уништување на шумското богатство во нашата земја. Поради сушното време, високите температури и силниот ветер, изминатово лето беа опустошени илјадници хектари шума засадени со дрвја. Во најновата епизода на емисијата Shortcut со снимки од теренот покажуваме како изгледаат македонските шуми неколку месеци по пожарите, разговараме со експерти...

Застрашувачката состојба на депонијата „Русино“ во фокус на десеттото издание на емисијата „Шорткат“

Многу новости и информации и во најновото издание на емисијата за млади „Шорткат“. Централна тема на десеттата епизода е состојбата во која се наоѓа депонијата „Русино“ кај Гостивар. Во емисијата ги пренесуваме сликите од цивилизацискиот шок што нашите новинари го доживеаја таму, а кој е секојдневие за граѓаните на Гостивар. Дали климатскиот самит КОП 26 е последната надеж за спас...

Ново издание на емисијата „Шорткат“ – како е да се живее со дијабетес?

Во новото издание на вестите за млади „Шорткат“, ја носиме веста дека два дена по објавата на нашето интервју со Миа Чичкариќ, девојка која боледува од дијабетес тип 1, државата ја започна набавката на сензори за безболно мерење гликемија. 16-годишната Миа во интервјуто како нејзина најголема желба го истакна токму тоа – сите дечиња кои боледуваат од дијабетес да...

Шеста епизода на „Шорткат“, во фокус темата за условите за возење велосипед низ Скопје

Емисијата за млади „Шорткат“ и овој четврток ги издвојува најважните вести и настани од изминатата недела. Во најновата епизода известуваме за почетокот на новата академска година, која, исто како и минатата, започна во пандемиски услови. Ги потсетуваме студентите да аплицираат за субвенциониран оброк и за државни стипендии. И покрај ветувањата на властите дека годинава ќе се забрани увозот на користени возила...

Нова епизода на „Шорткат“ – како младите да стигнат до успешна бизнис приказна?

Нови интересни содржини и актуелни теми ви носиме во новото издание на емисијата за млади „Шорткат“. https://youtu.be/4cJ1_EqK6w4 Во фокус на новата епизода ја имаме успешната бизнис приказна на Настасија и Михаела Штерјови, кои со парични субвенции од државата ја отвориле детската градинка „Малиот принц“. Тие зборуваат за нивниот пат до успехот и упатуваат порака до младите дека целта, упорноста и посветеноста...

Поради трагедијата во тетовската ковид болница, емисијата за млади „Шорткат“ денеска нема да се емитува

Во знак на почит кон жртвите кои ги изгубија своите животи во вчерашниот пожар што се случи во тетовската модуларна ковид болница, а во согласност со прогласениот ден на жалост од страна на Владата на РСМ, редакцијата на „Мета“ одлучи да го откаже емитувањето на новата епизода на емисијата за млади „Шорткат“, која што вообичаено се емитува секој четврток...

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...